X
 21.06.2026 Живот

За најдобрите студенти Илија Вељановски од Филозофски факултет и Христијан Смоковски од Факултетот за физичко образование, за трудот за климатските услови на Бојана Алексова... Што пишувавме неделава

Илија Вељаноски, најдобар студент на Филозофски факултет со просек 9,98, награден од УКИМ: „Имав само една деветка и не беше лесно ниту да се оствари ниту да се одржува просекот“

Мојот просек е 9,98, имав само една деветка. Не беше лесно ниту да се оствари ниту да се одржува просекот. Имав многу книги за читање. Секако, тоа бара голема посветеност. Тоа не значи дека цело време седев над книга, излегував со колегите. Едноставно интересна ми беше дисциплината што ја избрав за студирање, па тоа дополнително ме мотивираше да дознам нешто повеќе, изјави Илија Вељаноски

Бојана Алексова објави нов научен труд за климатските услови: Македонија бележи сѐ повеќе суши и зголемени температури од 1991 до 2020 година

Кратовчанката Бојана Алексова повторно оствари значаен научен успех со објавувањето на истражувачкиот труд за аридноста и климатските услови во Македонија во меѓународното научно списание „Земјата“ (Earth) (импакт фактор 3,4; индексирано во „Веб од сајанс“ и „Скопус (Web of Science и Scopus)

Христијан Смоковски, најдобар студент на Факултетот за физичко образование: „Сакам да ставам акцент на социјалната компонента во процесот на образование“

„Прекрасно е чувството да се биде ден од најдобрите и задоволство ми претставува што УКИМ ги препознава своите капацитети, и сметам дека секој труд треба да биде награден“, истакна Христијан Смоковски, кој беше прогласен за еден од најдобрите дипломирани студенти за академската 2024/2025 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот