X
 21.10.2019 Образование

Штрајк на вработените во основните и во средните училишта во Хрватска

Просветните работници во основните и во средните училишта во Хрватска денеска стапуваат во штрајк, најавија Независниот синдикат во средните училишта и Синдикатот на хрватските училишта.

Претставниците на двата образовни синдикати изјавија дека е прекинат социјалниот дијалог, но се надеваат дека ќе продолжи.

Тие истакнаа дека понудата на премиерот Андреј Пленковиќ за зголемување на основната плата не е исто што и зголемувањето на коефициентот на сложеност на работата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование