X
 22.08.2023 Живот

Разговор со Петар, Стефан, Фросина и Ева од Бреинстер: „Поради нашиот рекорден раст, отвораме повеќе од 20 нови работни места“

Поради рекордниот интерес за Бреинстер академиите и додипломските студии на Бреинстер Некст колеџ, но и сè поголемите потреби на новите студенти, неопходно е и зголемување на тимот на Бреинстер, кој во моментов брои повеќе од 70 вработени со полно работно време и над 150 инструктори и професори.

Бреинстер е одличен пример за напредна EdTech организација налик на светските иновативни образовни институции, која уште од нејзиното основање во 2015 година континуирано расте и се развива, инвестира во нови производи и го проширува своето портфолио со цел да одговори на потребите и предизвиците на новото време.

А, времето несомнено се менува и сè повеќе се чини дека младите повеќе не сакаат класично и стереотипно образование што ќе им обезбеди само теоретско знаење. Токму затоа, од Бреинстер велат дека постојано учат, се приспособуваат и ги подобруваат своите програми, а токму во моментов имаат и отворени огласи за 24 нови работни места, од кои 4 за вработени со полно работно време и 20 позиции за инструктори и професори.

По тој повод и за тоа како во Бреинстер се создаваат кадри што фокусирано работат на подобрување на образованието, разговараме со Петар Ниновски, основач и извршен директор, Стефан Смиљаноски, извршен директор на Бреинстер Албанија, како и со Фросина Климоска и Ева Костовска од ЧР-тимот на Бреинстер.

За тимот да дава резултати, се посветуваме на развојот на секој вработен


За да создадеме успешен и продуктивен тим, нашиот фокус е на луѓето, вели Петар. Од аспект на основач и лидер, според него, најважно за еден тим да остварува добри резултати е да им се даде приоритет на вработените уште при планирањето на управувањето со човечките ресурси.


Петар Ниновски

„Ова значи да се осигуриме дека вработените ги имаат ресурсите што им се потребни за да успеат, дека се мотивирани и ангажирани и дека се чувствуваат ценети и почитувани. Со ставање приоритет на луѓето, лидерите можат да создадат работна средина во која вработените можат да напредуваат и компанијата да ги постигне своите цели“, вели Петар.

Оваа практика не е насочена само кон моментална благосостојба на вработените, туку и кон отворање можности за понатамошно професионално градење.

„Откако одреден кандидат ќе стане дел од тимот, она што како лидери го нудиме е поддршка - од првичниот процес на „onboarding“ па сè до посветено менторство коe има цел вработениот да го донесе до следното ниво во неговата кариерна патека“, додава Стефан.


Стефан Смиљаноски

Петар и Стефан како лидери на големи тимови постојано даваат поддршка на тимот за човечки ресурси, со цел постапката на креирање отворени позиции, селекција на кадри и нивно успешно вклучување во работниот процес да биде во линија со основни вредности на компанијата, а тоа се раст и висок квалитет, и на образовните програми и на вработените.

За изборот на кандидати за вработени што ќе ја споделуваат визијата на Бреинстер се задолжени Фросина и Ева, и секоја во својот домен на експертиза му дава поддршка на секој нов член на Бреинстер тимот.

„Во Бреинстер, најдобриот кадар го одбираме со голема посветеност и внимателност и им даваме предност на клучните професионални особини, како што се постојано подобрување, ефективна комуникација и тимска соработка. Дополнително, ги цениме личните особини како што се креативноста, приспособливоста, страста за образование, културната усогласеност и емпатијата. Со прецизно оценување на овие квалитети, ние креираме посветен и иновативен тим што го води успехот на Бреинстер и создава трајно влијание во областа“, вели Ева.


Фросина Климоска и Ева Костовска

Напредок во кариерата – од студент до инструктор и лидер

А Бреинстер не би била најдобрата едукативна организација ако не работи и на постојана доедукација и доусовршување на вработените, што понатаму им овозможува кариерен напредок. Или како што појаснува Фросина, во тимот има повеќе алумни-студенти од Бреинстер академиите, дел од нив на инструкторски или на лидерски позиции, кои низ годините се изградиле во врвни професионалци кои сега им го пренесуваат своето знаење на студентите.

Петар, пак, дава уште поконкретна слика како се одвива унапредувањето:

„Неодамна, во еден ден тројца вработени добија можност да зачекорат на повисоко ниво и да добијат признание за она што го направија досега на професионално ниво, на личен, но и на компаниски план. Стефан, на пример, направи исчекор во кариерата и сега е извршен директор на Бреинстер Албанија. Неговата претходна позиција како директор на маркетинг-одделот во Бреинстер ја презеде Бојан Даниловски, кој доаѓа на ова место од „performance marketer“ во организацијата, а негов наследник е Вилијам Додевски, кој доби унапредување“.

Неограничени денови за одмор – работиме напорно, но се грижиме и за доброто на секој вработен


Уште неколку од предностите на работењето во Бреинстер се и другите поволности за вработени што се однесуваат на приватните потреби и им овозможуваат вистински баланс помеѓу работата и личниот живот, вели Ева.

Или по ставки, Петар на следниов начин детално ги објаснува бенефитите за вработените:
„Неограничени денови за одмор и флексибилно работно време – работиме напорно, но правиме сѐ за да имаме позитивно влијание врз нашите животи надвор од работните часови, приватна здравствена заштита, работа од кое било место, инвестирање во вработените за учење и развој, поддршка на различноста и стабилност на работните места – Бреинстер 3 години по ред се стекнува со сертификатот за деловна успешност, а од годинава се вбројува и во Топ-500 најуспешни компании во Македонија“.



Одржливоста на компаниската култура што ја негува Бреинстер се гледа и низ конкретни бројки.
Колку за илустрација, вели Стефан, кога тој се вработил во Бреинстер на почетокот на 2020, биле тим од 18 луѓе.

„Денес, во втората половина на 2023 веќе сме 70 вработени. Toa e раст од 290 отсто“, вели Стефан.

Да се биде дел од Бреинстер, значи прифаќање на голем број професионални предизвици. Пионерскиот дух во обликувањето на образованието на иднината, работењето во Бреинстер го прави привлечно за иновативни и инспиративни индивидуалци со заедничка цел – промена на образовниот пејзаж кој во крајна линија ќе го промени искуството и учењето за сите идни студенти.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот