X
 22.12.2022 Живот

Четири од петте најпопуларни фотографии во историјата на „Инстаграм“ прикажуваат еден ист човек

Лео Меси не престанува да објавува фотографии со трофејот од Светското првенство, а тие буквално го срушуваат интернетот.

Четири од петте најлајкувани фотографии на „Инстаграм“ му припаѓаат токму нему, а на три фотографии тој позира со трофејот.

Меси и неговиот трофеј го победија популарното јајце, па Аргентинецот сега е сопственик на најлајкуваната инстаграм-фотографија.


Меси и трофејот со кој спие в кревет е третата најлајкувана објава на оваа социјална мрежа, а Меси и пехарот во авион е петтата најлајкувана инстаграм-фотографија.


Една од фотографиите на Роналдо е во топ-петте, а се наоѓа на четврто место. Но, и на неа се наоѓа Меси. Станува збор за сликата која фудбалерите ја направија за „Луј Витон“, а позираа играјќи шах на чантите на познатиот бренд.



Извор: Index.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот