X
 23.01.2025 Живот

Два месеца студентски блокади во Србија: „Факултетот стана наш дом“

Блокадите на факултетите низ Србија траат рекордни два месеца, но сѐ започна со Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград.

- Факултетот стана наш дом во кој поминуваме многу време, но и за кој треба да се грижиме - вели Оља Николиќ, студентка по глума на Факултетот за драмски уметности.

Таму спијат таа и нејзините колеги, а тие одлучуваат за активностите што ќе ги преземат на речиси секојдневните пленуми.

По нападот врз студентите на овој факултет на 22 ноември 2024 година, при оддавање почит на загинатите при уривање на натстрешница во Нови Сад, тие почнаа бунт кој се прошири на речиси сите универзитети во земјата.

Студентите, меѓу другото, бараат кривично гонење на одговорните за нападите и за трагедијата во Нови Сад, а во изминатите месеци водеа масовни протести против корупцијата, барајќи радикални промени во општеството.

- Гледаме насилство врз студентите кое не стивнува. Има притисоци, но ние не реагираме на нив. Обединети сме околу иста цел и тоа чувство на заедништво ни е важно, особено кога излегуваме на улица - вели Николиќ.


Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот