Светскиот ден книгите и авторските права се одбележува секоја година како симболичен датум во светската книжевност затоа што тој ден во 1616 година е починат Мигел де Сервантес.
Фото: Pixabay
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура Унеско го одбележува Светскиот ден на книгата и авторските права со помош на бројни издавачи, книжари, учители и стручњаци за комуникација. Унеско сака секого, а особено младите да ги поттикне да читаат и да промовира објавување и заштита на интелектуалната сопственост преку заштита на авторските права. Одлуката за одбележување на денот на книгата и авторските права е донесена на Општата конференција на Унеско одржана во Париз 1995 година.
Човекот кој не чита книги нема никаква предност во однос на оној кој не знае да чита воопшто. – Марк Твен
Рајот отсекогаш го замислував како еден вид библиотека. – Хорхе Луис Борхес
Повеќе вредни идеи може да се најдат и во најмалата книжарница отколку во цела историја на телевизијата. – Ендрју Рос
Книгите може да бидат опасни. Во најдобар случај би требало да им се стави предупредувањето: „Може да Ви го промени животот!“ – Хелен Ексил
На човекот кој има библиотека и градина не му треба ништо повеќе. – Цицерон
Добар пријател, добра книга и чиста совест: тоа е идеален живот. – Марк Твен
Секогаш кога ќе дојдам до малку пари купувам книга; а ако ми останат пари купувам облека и храна. – Еразмо Ротердамски
Нема пошармантен мебел од книгите. – Сидни Смит
Мојот дом е таму кај што се моите книги. – Елен Томпсон
Да се направи библиотека во куќата значи да ѝ се подари душа. – Цицерон
Книгата е единтвена, пренослива магија. – Стивен Кинг
Сметам дека телевизијата е многу поучна. Секогаш кога некој ќе вклучи телевизор јас одам во другата соба да читам. – Гручо Маркс
Гете во некоја прилика рекол: „Тој е досаден човек. Да е книга, не би ја читал.“ – Џејмс Брајс
Една добра книга прави добар читател. – Ралф Волдо Емерсон
Книжевноста го открива она што реалноста го крие. – Џесмин Вест