X
 23.07.2017 Култура

Навики во однесувањето во Германија на кои странците не можат да се навикнат

Сите сакаат да живеат во Германија. И додека луѓето се прекрасни и пријатни, постојат некои работи на кои не можеме да се навикнеме кога ќе ја посетиме оваа земја.

1. Директни се

Некои култури во светот не ги кажуваат работите директно, поради стравот да не бидат некултурни. Во Кина, велењето „не“ се смета за директна навреда.

Германците се токму спротивното: не сакаат непотребни разговори и реченици, па затоа работите ги кажуваат директно.

2. Јавна дисциплина насекаде

Ако младо момче ги стави нозете на седиште во автобус, нормално е сопатникот да го предупреди и да му каже да ги пушти нозете.

Оваа волја за дисциплина во јавноста е особено силна во традиционалните области како што е Баварија. Во Берлин пак, оваа култура е помалку очигледна.

3. Ве тераат да платите во кеш


Германија е земја позната по технологијата: високо технолошките „BMW“ автомобили, „Аudi“ и „Porsche“ како и ефикасниот систем за јавен превоз. Но голем дел од странците за брзо време сфаќаат дека постои и мит околу користењето на технологијата.

Се чини дека Германците се технофобичари, па ретко користат дебитни или кредитни картички. Затоа, секогаш во вас носете кеш.

4. Ужасна услуга

„Клиентот секогаш е во право“ правилото не важи во Германија. Доколку келнерот ви ја згреши порачката, тогаш не очекувајте да ви се извини поради тоа. Бидете подготвени и за реакцијата кога ќе побарате вода.

5. Заканувачки писма


Не паничете ако добиете писмо од германски бирократ во кое ви се заканува на најлошото. Германците сакаат кога работите ги официјализираат преку пошта, а уште повеќе сакаат да пишуваат ужасни писма.

6. Пушат внатре, а прават се останато надвор

Кога станува збор за забрана за пушењето, Германците се поопуштени отколку другите западни земји.

Германија се уште нема федерален закон за пушење, така што секоја од 16-те држави имаат различно правило за пушењето во јавност.

Интересно е тоа што тие пушат внатре, а многу сакаат да престојуваат надвор. Дури и кога температурите се доста ниски, можете да видите како семејствата играат надвор, а децата трчаат наоколу.

7. Политичка некоректност

На пример, германските жители чии прабаба и прадедо дошле од Турција често пати се нарекувани Турци, а не Германци.

Културата не е ни слична како во Америка и Англија кога станува збор за мигрантите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура