X
 24.03.2021 Живот

Колумна: Употребата на една иста техника не значи дека ќе ги реши потребите на сите ученици со определени тешкотии во учењето

Пишува: Ивана Атанасова – образовен асистент на ученичка со аутизам во второ одделение

„Системот на образование нема право на ОДРЕДЕНИ деца. Системот на образование е тој што треба да го приспособиме за да ги задоволи потребите на СИТЕ деца.“ (УНЕСКО, 1994)

Спектарот на тешкотии кај децата со попреченост е спектар на можности условени од емпатија, прифаќање, љубов, креативност и приспособување. По теоријата на Ајнштајн која гласи: „Сите сме гении. Но ако ѝ судиме на рибата по нејзината способност да се искачи на дрво, таа ќе го живее целиот живот мислејќи дека е глупава“  - секој воспитувач, едукатор, наставник, образовен асистент, родител, учесник во образовниот процес треба да изнајде современи педагошки и мотивирачки начини за работа со сите ученици не според она што го немаат или го прават различно од вообичаените очекувања, туку според она што го имаат и што ги прави единствени.

Учениците со тешкотии во учењето се однесуваат и реагираат различно кога се работи или не се работи со нив. Сите тешкотии во учењето не се од ист карактер, дури и тогаш кога се работи за иста група на тешкотии. Употребата на една иста техника/стратегија не значи дека ќе ги реши потребите на сите ученици со определени тешкотии во учењето. Не е возможно да се очекува дека ќе се изнајде единствена постапка или формула со која тешкотијата кај ученикот ќе се надмине. Процесот бара трпение, разбирање, емпатија и креативност - моето искуство како образовен асистент на ученик со телесна попреченост – намален вид минатата година, и ученичка со аутизам во оваа учебна година ме научи токму на тоа.

Прочитајте го остатокот од колумната на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот