X
 24.03.2022 Уметност

Украинска уметница го „враќа“ животот во Харков преку цртежи

Украинската уметница Саша Анисимова го крева гласот против војната во Украина со објавување цртежи со кои се обидува да го „врати“ животот во Харков.



На социјалните мрежи Саша објавува цртежи направени врз фотографии од разрушениот град. Таа објавила цртеж и за својот 30-ти роденден.

- Јас сум Саша и денес полнам 30 години. Мислев дека ќе сакам автомобил, куќа, патувања, модерни работи, но сега сакам само мирно да шетам низ мојот Харков со моето куче, да пијам кафе и да не слушам вести за војната - напишала таа во својата објава.



Во друга објава, таа пишува како Украинците живееле обичен живот кој им бил одземен под изговор дека така се спасуваат.

- Никогаш нема да ја разберам војната и никогаш нема да го заборавам тоа страшно утро. Никогаш нема да разберам како можеш толку гласно да лажел и како не можеш толку тивко да веруваш - напишала таа.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност