X
 24.04.2017 Култура

Документи на ФБИ детално опишуваат како Русите регрутирале шпиони

Среде обвинувањата и шпекулациите за тоа дека Русија се мешала во претседателските избори во Америка, идејата дека странските шпиони користат тактики од „старата школа“ и лично регрутираат агенти за откривање на чувствителни информации, е широко прифатена помеѓу официјалните лица од разузнавањето.


Фото: Pixabay

Несомнено е дека порастот на војувањето со информациите и сајбер-шпионирањето ја промени шпионската игра во годините после Студената војна. Меѓутоа, правилата за тоа како се таргетираат, регрутираат и манипулираат изворите, генерално останаа исти.

Стратегија за регрутирање на шпиони


Овие „Шпион 101“ вид на тактики ги има во документите кои ги поднела ФБИ во случај од 2015 година во кои е именувано лице идентификувано како „Маж 1“. Додека владата никогаш не го открила неговиот идентитет, Картер Пејџ вели дека тој е личноста од документите, односно таргетот за регрутирање од страна на три руски разузнавачки агенции.

ФБИ никогаш не го обвинила Пејџ, кој подоцна станал советник во кампањата на Трамп. Тој во неколку наврати ги негирал наводите за злоупотреба и изјавил дека не бил свесен дека му пришле руски шпиони.

Документите на ФБИ даваат увид за стратегијата која руските агенти ја користеле за да го означат него како цел. Техниките кои биле користени во обидот за регрутација на Пејџ биле слични како оние на КГБ оперативците од Студената војна.

1 чекор: Градење на однос


Почетната фаза во процесот на регрутирање била изградена врз основа на истите принципи како позитивна интеракција помеѓу луѓето како што е пријателство или љубовна врска.

Првиот чекор од процесот вклучувало проценка за тоа дали поединецот се квалификува како таргет врз основа на неговата/нејзината личност, работа или врски, а потоа се покренувал однос.

Во случај на Пејџ, руските агенти наводно започнале комуникација преку меил откако се сретнале со него на енергетски симпозиум во 2013 година, велат документите на ФБИ.

Интеракциите кои следеле биле пишани тактики за регрутирање според кои странски шпион се обидувал да развие односи со таргетите, дознавајќи за нивната позадина и обидувајќи се да утврди дали таргетот е подготвен да сподели некаква информација и дали може да му се пристапи јавно.

Во светот на шпионажата, шпионите бараат слабости кои би можеле да ги искористат за да извршат притисок или да го примамат поединецот да го направи она кое го бараат од него - како на пример закана за откривање на тајна или нудење на пари.

Во случајот од 2015 година, документите доставени на суд истакнуваат дискусија на руски шпион кој договорил состанок со Пејџ, нагласувајќи ги неговите чести патувања во Москва за бизнис како област на интерес.

„Ми пишува на руски за да може да го вежба јазикот. Лета за Москва повеќе од мене“, изјавиле двајца руски агенти за Пејџ. „Очигледно е дека сака да направи пари“.

2 чекор: Соодветен таргет


На крајот, руските агенти одлучуваат дека комбинацијата од професионалната амбиција на Пејџ заедно со врските со Русија и генералниот ентузијазам за комуникација, му даваат статус на соодветен таргет кој може да биде извор на интелигенција.

Документите откриваат и кои методи ги користеле руските шпиони за да го примамат Пејџ да достави информации.

Исход

Според поранешен официјален претставник на интелигенцијата, успешното регрутирање на извор на интелигенцијата зависи од последниот чекор од процесот во кој е вклучена одлуката на шпионот да го избери таргетот со тоа што конечно ќе го натера да сподели важни информации.

Во овој момент од процесот, странскиот шпион ќе ги искористи информациите собрани за потеклото на таргетот или за уцена за соработка или за услуга во замена за пари.

Во случајот со Пејџ, ФБИ вели дека неговите интеракции со лицата кои се под истрага немале напредок до точка до која бирото чувствувало дека била извршена успешна регрутација.

Трите обвинети во случајот биле обвинети за учество во заговор во кој делувале како странски агенти во Америка. Двајца од нив ја напуштиле земјата пред започнувањето на судската постапка. И двајцата имале дипломатски имунитет поради нивните работни места во руската влада. Третиот бил уапсен од претставници на Америка и вратен во Москва откако се изјаснил виновен.

Пејџ, кој упорно изјавува дека не знаел дека Русите биле шпиони, вели дека со нив споделил основни информации и јавно достапни истражувачки документи, и ништо повеќе од неколку примероци од неговите предавања кои ги подготвувал за неговите студенти.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура