X
 24.05.2019 Образование

24 Мај во Шведска - донаторска акција за учениците-физичари од Македонија да заминат на Олимпијада во Тел Авив

Целта на оваа добротворна акција е да подвлечеме дека нивниот труд и залагање некој ги препознава. Вашата донација ќе биде добредојдена!

Донаторска акција за поддршка на тимот што годинава ќе ја претставува нашата земја на Меѓународна олимпијада по физика утре ќе се одржи во Стокхолм, а ја организираат повеќе Македонци што живеат во Шведска.

Тие го објавија ова видео, снимено лани во Охрид, во текот на одржувањето на првиот Летен едукативен камп по физика. Ментори на учениците им беа Вера Зороска од Основното училиште „Христо Узунов“ од Охрид и доц. д-р Боце Митревски од Друштвото на физичарите на Република Македонија и од Институтот за физика.

 

„Придружете ни се на големата прослава на македонската музика, кујна, вино и песни, на 24 Мај во Стокхолм. Срдечно ве покануваме да го прославиме успехот на македонскиот младински тим од последната Олимпијада по физика и да им помогнеме да заминат на годинашната во Тел Авив. Тие талентирани, млади луѓе и покрај недостигот од економска поддршка од институциите, наоѓаат мотивација да учат, љубопитност да бараат, откриваат и да уживаат во интелектуалната стимулација за решавање различни и комплицирани проблеми во физиката. Целта на оваа добротворна акција е да подвлечеме дека нивниот труд и залагање некој ги препознава. Вашата донација ќе биде добредојдена!“, пишуваат организаторите на добротворната акција.

Јубилејната 50. Меѓународна олимпијада по физика годинава ќе се одржи во јули, во Тел Авив. Нашите иселеници во Шведска лани во септември ја организираа првата донаторска вечер за да им помогнат на нашите млади физичари да заминат во Израел. Македонските иселеници и филантропи беа домаќини на Александар Иванов од Свети Николе, кој досега освои три бронзени медали на Меѓународната олимпијада по физика, и на неговиот ментор, д-р Боце Митревски од Друштвото на физичарите на Република Македонија, кое традиционално ги организира нашите настапи на меѓународни натпревари.

Можете да донирате на:
account nr SEB, 5699 01 781 75, Your name to Macedonian event or Swish 0708 33 33 99 or PayPal cakovski@gmail.com


Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование