X
 25.11.2019 Образование

Што не смеете да му кажете на еден професор?

Никогаш не било лесно да се биде професор или наставник, но овие денови тоа стана уште потешко.

Денес оваа професија, која е навистина тешка и важна за сите нас, не се цени доволно. Ви пренесуваме што не треба да ги прашувате или да им го кажувате на професорите и наставниците.

Со некои прашања ќе предизвикате бес кај нив.

„Сите одевме во основно училиште, па може да се каже дека сме еден вид експерти“
- Ова е нешто од кое на наставниците едноставно им се крева косата. Ако сте биле болни, не значи дека сега сте доктор.

„Кога ќе одам во пензија, сакам да се занимавам со нешто, па може да предавам“ - Исто така ова е изјава која не смеете да му ја кажете на професор. Предавањето не е хоби како што е пловењето или јавањето. Не е лесно неколку часа во денот да зборувате пред 30 мали и големи луѓе, а тоа е само дел од работата на наставникот.

„Дали некогаш сте се обиделе своите предавања да ги направите позабавни?“ - Реченица која ќе го изнервира секој професор или наставник бидејќи никој не сака неговиот час да биде досаден.

Мора да бидат строги

„Ако навистина се грижите за ученикот, нема да се грижите за вашата плата“ - Ова е реченица на која секој наставник ќе ги преврти очите или ќе престане да зборува со вас. Тие сакаат да ги учат децата, но и сакаат да си го земат она што го заслужуваат.

„Зошто ги терате толку да читаат и да пишуваат домашни? Зошто сте толку строги со оценувањето?“- Одговорот на ова прашање веројатно ќе биде: „Затоа што тоа е моја работа и моја обврска, нешто да ги научам, но и затоа што тие вештини се потребни за да преживеат во светот. Дали ви се потребни уште причини?“

Не, не се цело лето слободни

„Јас плаќам данок кој оди за вашата плата, така што технички вие работите за мене“
, е нешто со кое можете и да заработите удар ако некој изгуби нерви. Тие не се ваши слуги и тоа не е така.

„Аха, значи вие работите во градинка? Пеење и танцување, тоа сигурно е забавно!“
- ова е изјава која не смеете да му ја кажете на никој што работи во градинка бидејќи нивниот живот не е филм од Дизни.

„Лесно ви е вам, имате слободно лето“
- Не, немаат слободно лето затоа што имаат наставни планови, семинари и пополнување на разни документи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование