X
 24.09.2023 Култура

Серии на „Нетфликс“ со совршена оцена на „Ротен томејтос“

Барате нешто ново за гледање на „Нетфликс“? Има многу содржини на оваа платформа, а во продолжение се некои серии кои имаат совршена оценка на „Ротен томејтос“ од критичарите или од публиката.

„Девојката со маска“ (Mask girl)

Станува збор за корејска драма која ја раскажува приказната за девојка која е несигурна во својот изглед, па затоа ноќе се претвора во интернет-ѕвезда која се крие зад маска.


„Плејлиста“ (Playlist)

Пред да стане тоа што е денес, „Спотифај“ била само уште една стартап-компанија со основачи и вработени кои имале големи соништа. Оваа серија го прикажува подемот на оваа компанија.


„Неверојатната адвокатка Ву“ (Extraordinary attorney Woo)

Генијалната адвокатка се справува со предизвици во судницата и надвор од неа како ново лице во адвокатскиот свет и жена со аутизам.


„Итна служба: Њујорк“ (Emergency: NYC)

Во оваа возбудлива серија ги следиме медицинските експерти од итната служба кои се обидуваат да направат баланс помеѓу тешката работа и приватниот живот.


„Мали против големи“ (Little women)

Оваа корејска реинтерпретација на класичниот роман на Луиза Меј Алкот прикажува три сестри кои немаат многу пари и кои се фатени во заговор кој се однесува на богати и моќни луѓе.


„Деш и Лили“ (Dash & Lily)

Станува збор за романса, за вљубувањето на циничниот Деш во веселата Лили. Пред да се запознаат, тие си разменуваат пораки и предизвици во тетратка која ја оставаат низ градот.


„Светот на сирените“ (MerPeople)

Оваа документарна серија ги запознава гледачите со професионалните сирени, чија страст е дел од индустрија вредна половина милијарди долари.


Извор: Idesh
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура