X
 27.01.2023 Образование

МОН: Денес започнува исплатата на студентските стипендии и субвенционираниот оброк

Министерството за образование и наука соопшти дека од денес започнала исплатата на финансиските средства за студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк.

-Согласно податоците, 3.415 студенти ќе добијат средства за четири месеци, односно ќе бидат исплатени стипендиите за месеците октомври, ноември, декември 2022 година и за месец јануари оваа година. Корисниците на правото за субвенциониран студентски оброк, односно 28.986 студенти, исто така во текот на идната недела ќе добијат средства за минатиот месец, односно за декември 2022 година - истакнаа од МОН.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование