X
 27.06.2023 Живот

Интервју со Елена Пискачева-Јанева, франшизер на IQ UP! училишниот центар во Велес

Елена Пискачева-Јанева е одлучна и инспиративна личност што го води IQ UP! училишниот центар во Велес.

Елена е многу повеќе од франшизер на IQ UP! Таа е визионер, мотиватор и иноватор и е силно посветена на идејата дека секое дете заслужува да добие највисок квалитет на образование, поддржано со современи техники на учење и технологија.



Како дојдовте до идејата да станете франшизер на IQ UP! во Велес?

Пред сѐ, сметам дека ваков тип едукативен центар е од исклучителна важност за секој град. Но, IQ UP! ми го привлече вниманието уште на самиот почеток. Децата учат низ игра, се врзуваат за ликови како што се Биби, Боби и Оливер и едноставно сметав дека учењето ќе им биде забава, а особено ми се допаѓаше тоа што се посветува внимание на природните науки. И во право бев! Децата веднаш ги препознаа ликовите, и сите сакаа да бидат научници како нив. Пробните часови поминаа прекрасно и многу сме среќни што слушаме позитивни коментари околу квалитетот на наставата, изгледот на училницата и секако ефектот што IQ UP! часовите го имаат врз децата.



Објаснете ни што е IQ UP?

Ќе се обидам накратко иако има мнооогу што да се каже. IQ UP! е досега најуникатното нешто што сум го сретнала од СТЕМ (наука, технологија, математика и инженерство) едукацијата. IQ UP! опфаќа толку многу сегменти што се клучни за детскиот развој, а особено важни за иднината на децата. Ми се допаѓа што е совршен спој на СТЕМ-едукацијата, квалитетна македонска литература со содржина од природните науки и најмногу од сѐ, ми се допаѓа практичниот дел кој децата го добиваат на нашите часови преку работни проекти, експерименти, истражувачки трудови и сето тоа на крај заокружено со програмирање во програма соодветна за возраста на детето. Но, еве ќе се обидам најкратко - IQ UP! е сѐ што е потребно за едно дете да се соочи со предизвиците на 21 век.

Кои се клучните разлики помеѓу IQ UP! образовниот модел и традиционалниот образовен систем?

Методот и пристапите со кои се едуцираат учениците. Специфичните техники и активности кои се користат за децата да стекнат функционално знаење, но и да развијат животни вештини. Практичниот дел е клучната разлика бидејќи сметам дека децата премногу се оптоваруваат со информации кои секако не може да се испроцесираат доколку материјалот што се учи не се примени практично. Кај нас децата сами доаѓаат до дефиницијата. Често слушам на час кога децата коментираат: „Аха, значи затоа е така”. Значи тие сами сфатиле зошто се нештата такви бидејќи учествуваат во процесот. Друга, исто така голема разлика е работата во мали групи, секое дете добива еднакво внимание и кога нешто не е јасно, можеме да застанеме и сите убаво да повториме.



Како реагираат децата на вашиот забавен и иновативен образовен модел и која е најинтересната реакција што сте ја виделе досега?

Бесценети реакции сме имале многу, ако може така да се каже. И некогаш забележувам дека и самата јас уживам во часот и се воодушевувам, но еве ако треба да издвојам, ќе го споменам часот со ракетите. Имавме изработено целосна сцена и облека за децата, мислам дека им требаше долго време да сфатат како е изработено нештото и не можеа да дочекаат и самите да го облечат костимот за на крај да искоментираат дека не е лесно да се биде космонаут.


Дали имате некоја инспиративна приказна или ситуација поврзана со ученик или родител која би сакале да ја споделите со нашите читатели?

Тука би се надоврзала на претходното прашање, едноставно на таква забава се приклучуваат и активираат дури и најинтровертните деца. Дури имаше еден родител кој искоментира: „Никаде не оди без мене освен кај вас, за IQ UP! се бројат денови и часови додека да дојде моментот за часот“. Тоа е нешто што секако инспирира и мотивира и затоа секогаш ги замолувам родителите да присуствуваат на првиот час за да можат и самите да ја почувствуваат магијата на нашите часови.



Ако би требало да го опишете IQ UP! училишниот центар во Велес како книга, филм или музичко дело, кое би било и зошто?


Интересно прашање и искрено првото нешто што ми дојде на памет беше филмот за деца „Деца-шпиони“ (Spy Kids). На нашите часови користиме интересни предмети за да дојдеме до решение на проблемот исто како во филмот, каде што ликовите се опремени со многу интересни уреди при решавање на секоја мистерија. Така што, сметам дека кај нас децата се чувствуваат како да се дел од нешто големо и нереално. Користиме микроскоп, баланс вага, епрувети, електроника, заштитна опрема и многу рачни изработки кои го доловуваат истиот ефект.

Која е Вашата порака до сите родители кои сѐ уште не го посетиле IQ UP! Велес?

Да не се двоумат, атмосферата и самата енергија на нашите часови може да се почувствуваат само доколку присуствуваат барем на еден час. На крајот од часот, сигурна сум дека сите ќе си одат задоволни и среќни.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот