X
 27.08.2019 Образование

Нудиме светска докторска програма за стратешко комуницирање, вели деканот на Факултетот за медиуми од Словенија

Во првата година на ФАМ студентите полагаат три курсеви и семинар за диспозиција. Нема класични испити, но студентот подготвува семинарски трудови или есеи. Студиите се организираат во три групи, методолошки курсеви, два изборни теоретски курсеви и два семинари за создавање предлог за теза и докторска дисертација. Студентите можат да ја користат својата работа од првите две години за да ја подготват докторската дисертација. Програмата е насочена кон потребите на студентите, а не на потребите на професорот. Студентот сам го избира менторот - вели д-р Матјаж Шкабар, декан на Факултетот за медиуми од Словенија.

Годинава, првпат, Факултетот за медиуми (ФАМ) од Љубљана ја отвора вратата за македонските студенти на докторските студии за стратешко комуницирање. Што е она што Ве издвојува од другите факултети?

- Ние не се стремиме кон масовни студии. Ние сме институција со добро структурирани докторски студии во кои мал број компетентни студенти не се оставени сами на себе, туку ги водат искусни супервизори. Факултетот за медиуми е многу активен во областа на меѓународната соработка и размена со други високообразовни институции. Докторираните студенти од нашиот факултет ќе можат да се вклучат во меѓународни истражувачки проекти или да изберат да работат на нивните истражувања и на тој начин да стекнат основни теоретски и методолошки знаења. Покрај можноста да бидат дел од постоен проект, студентите може да избираат и од новите проекти кои, во континуитет, се применуваат на факултетот, каде што ќе можат да соработуваат на овие процеси и да стекнат нови компетенции. Нудиме можност за работа индивидуално на докторската дисертација/теза, внимателно следена од искусни ментори. Ќе се стекнат со знаење, алатки и врвни истражувачки вештини во областа на комуникациите и сродните дисциплини. Иако сме мала институција, ги нудиме сите нивоа на студии, но за почеток решивме да ги понудиме постдипломските докторски студии во стратегиски комуникации во Македонија. Оние што ќе ги одберат нашите студии ќе бидат едуцирани за истражувачка работа во науката, како и за професионална работа од областа на политиката, јавната администрација, економијата и граѓанското општество, ќе бидат подготвени да се вклучат и да градат кариери во европскиот и во глобалниот систем. Исто така, би сакале да истакнеме дека ова е клучна докторска програма за стратешка комуникација во Словенија.

Докторските студии во Словенија отвораат можност докторандите да добијат европска диплома. Што, практично, значи ова за оние што ќе ги одберат докторандските студии на ФАМ?

- Изборот на добро образование е најдобрата инвестиција што може да ја направи поединецот. Како личност со децениско искуство во деловни активности и инвестиции, исто така и на меѓународно ниво, ова го велам со одреден авторитет. Тоа го носи на подобра позиција на пазарот на трудот, што значи подобри можности за професионален развој. Европската диплома може да ви помогне побрзо да ја вратите таа инвестиција и побрзо да ги искусите придобивките од професионалната самореализација. Нашиот факултет е акредитиран од Националната агенција НАКВИС, која е полноправна членка на сите релевантни здруженија за акредитација и дипломата е призната од сите европски и развиени земји. ФАМ, исто така, направи измени во докторската програма што би одговарале на оние што веќе имаат професионална кариера како раководители, јавни службеници или политичари за да можат, паралелно со професионалните ангажмани, да ги следат докторските студии. Студиите траат три години. Бидејќи повеќето од нашите студенти ќе бидат меѓународни, предавањата ќе се одржуваат на англиски јазик, но студентите ќе имаат можност да ги положат своите курсеви, како и да напишат докторска дисертација, на англиски или на српски јазик (латиница). Постдипломците ќе можат да го изберат својот ментор, исто така, според јазикот на кој ќе ја пишуваат својата дисертација/тема. Целта е да се создадат професионалци со врвни вештини и познавање на истражувачки инструменти од областа на комуникациските студии.

Постдипломските студии се тригодишни, но нудите можност да се студира од Македонија со неколку патувања до Словенија, што е голема предност за македонските постдипломци. Што друго им нудите на постдипломците?

- Програмата овозможува услови за минимален престој во Словенија, односно можност за студирање од Македонија. Во текот на првата година од студентот се бара да биде во Словенија само неколку дена - неколку петоци и саботи во октомври, ноември и декември, така што нема да пречи на нивниот професионален или семеен живот. За таа цел, предавањата ќе бидат во форма на интензивен академски колоквиум. Важно е да се нагласи дека ако некој не може да дојде во Словенија, сите материјали ќе ги добие на интернет преку училницата „Moodle“. Предавањата што ќе се испорачуваат на англиски јазик ќе бидат евидентирани и достапни преку интернет. Сепак, идејата за оваа организирана педагошка работа е да се поттикне интеракција и размена на идеи меѓу студентите и професорите. Во текот на првата година студентот ќе биде под надзор и со ментор ќе почне да работи на дисертацијата. Втората година главно ќе биде посветена на дисертациско истражување. Најмалку двапати годишно студентот ќе има можност да ја претстави својата работа пред колегите и исто така да комуницира и да разменува искуства и идеи со нив. Во третата година студентот ќе ја заврши и одбрани докторската дисертација. Интеракцијата меѓу студентот и професорот ќе биде многу блиска. Академските колоквиуми, исто така, ќе го охрабрат развојот на заедница на тековните доктори на наука, студентите, младите доктори и професори каде што би промовирале и разменуваат идеи.



Вашата институција има повеќе од една деценија искуство. Од неодамна оваа програма веќе функционира во Хрватска. Зошто магистрандите од Хрватска го одбираат ФАМ?

- Она што го нудиме на пазарот има многу конкурентна цена, исто како и овде, што е привлечно на пазарот. Понатаму, програмата им одговара студентите. Исто така, избегнуваме непотребни диференцијални испити. Сè што работиме е да се стремиме кон компетенции на студентите и конечна дисертација. Ова помага да се создаде голем интерес за нашиот факултет.

Какво знаење (компетенции) добиваат идните доктори на наука по стратешки комуникации?

- Комбинацијата на истражување и решавање практични проблеми се многу важен дел од квалитетното образование. Нашата цел е да создадеме професионалци со врвни истражувања и аналитички вештини. Студентите ќе добијат диплома што е призната во Европската Унија и во другите развиени земји. Поединци што можат да идентификуваат сложени проблеми, да ги анализираат и да најдат соодветно решение, секогаш ќе се бараат на пазарот на трудот. Тие ќе ги совладаат методите, процедурите и процесите на работа на истражување. И сето тоа додека се иновативни. Ќе научат да дизајнираат и имплементираат оригинални научни решенија зададени социјални проблеми.

Како ќе се реализираат студиите?

- Во првата година на ФАМ студентите полагаат три курсеви и семинар за диспозиција. Нема класични испити, но студентот подготвува семинарски трудови или есеи. Студиите се организираат во три групи, методолошки курсеви, два изборни теоретски курсеви и два семинари за создавање предлог за теза и докторска дисертација. Студентите можат да ја користат својата работа од првите две години за да ја подготват докторската дисертација. Програмата е насочена кон потребите на студентите, а не на потребите на професорот. Студентот сам го избира менторот.

Каде да се поднесат апликациите?

- Пријавите можат да се достават преку централизиран онлајн-систем, но секој што е заинтересиран за детали за студиите е добредојден да присуствува на информативниот ден што го организираме во хотелот „Солун“ во 17:30 часот на 2 септември 2019 година. Доколку не можат да присуствуваат, може да се јават во нашата студентска канцеларија на referat@fame.si.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование