X
 27.11.2019 Живот

Кенија ја доби првата фабрика на соларна енергија што ја претвора океанската вода во вода за пиење

Додека повеќето од нас имаат привилегија да користат интернет на дневна основа и можат да го прочитаат ова, и можат да пијат свежа вода без никаков проблем, тоа не е случај со сите.

Околу 2,2 милијарди луѓе немаат безбеден пристап до вода за пиење, што може да изгледа прилично иронично со оглед на тоа дека живееме на планета составена од 2/3 вода. Но, сега може да постои решение.

Неодамна невладината организација „Дајте моќ“ создаде фабрика на соларна енергија која ја претвора солената океанска вода во свежа вода за пиење и со тоа им помага на 25.000 луѓе на ден.

И покрај тоа што ова не е прв проект на организацијата, „Дајте моќ“ неодамна имаше огромен успех во инсталирањето на новата фабрика што ја претвора солената вода во вода за пиење во Киунга, мал град во Кенија, па дури и имаше пилот-тест во август што веќе им ги подобри животите на жителите во градот.

1
Фото: Give Power


Организацијата не планира да запре тука и сака да ја користи технологијата и во другите делови од светот.

И покрај тоа што се смета дека 1/3 од луѓето немаат пристап до вода за пиење, проблемот е многу поголем во некои региони, особено во Супсахарска Африка. Затоа кенискиот град Киунга беше избран за поставување фабрика за да се реши овој проблем и да им помогне на што е можно повеќе луѓе. По овој успех организацијата веќе планира слични проекти во Колумбија и на Хаити.

Пред инсталирањето на оваа технологија луѓето понекогаш морале да патуваат повеќе од еден час само за да добијат вода за пиење за себе и за своите семејства.

2
Фото: Give Power


- Децата од овие села имаат лузни на стомакот и на колената бидејќи имало многу сол на нивните рани - изјави Хејс Бернард, претседател на „Дајте моќ“.

Но, инсталацијата на фабриката не само што помогна со тоа, туку и ги спаси од разни болести бидејќи водата што порано ја користеле честопати била полна со загадувачи и разни паразити. Огромен чекор за човештвото!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот