X
 27.12.2018 Технологија

Вештачка интелигенција создава реалистични фотографии од луѓе што не постојат

Изгледа дека секој ден од оваа деценија носи нови возбудливи нешта од полето на вештачката интелигенција (АИ).

Вештачката интелигенција изгледа исто толку жива како што изгледаат луѓето кои ги гледате на овие фотографии, иако никој од нив никогаш не бил жив и прашање е дали можеме за овие слики да кажеме дека се фотографии. Всушност, сите тие се производ на генеративни споредбени мрежи (GANs) - вид на АИ-алгоритам кој става повеќе невронски мрежи една наспроти друга.

По сè изгледа овие невронски мрежи успеале да генерираат слики од непостојни лица кои е тешко да се разликуваат од реалните. Она што успеале да го направат истражувачите од „Нвидиа“, кои го развиле сето ова, е тоа што тие не само што го направиле повозможно од кога и да е да се создаваат лажни лица, туку направиле и тие лица да бидат поприспособливи од кога и да е.

- Секако, способноста да се создадат реалистични АИ-лица покрева проблематични прашања. Експертите во текот на изминатите неколку години го вклучуваат алармот околу тоа како АИ-лажирањето може да влијае врз општеството. Овие алатки може да се користат за погрешно информирање и пропаганда и може да ја уништат довербата на јавноста во фотографски докази, тренд кој би можел да им наштети на правниот систем и на политиката - пишува Џејмс Винсент за „Врџ“.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија