X
 28.08.2018 Образование

Позитивни УКЛО искуства: На неколку единици на УКЛО одржани работилници за моќта на аудио-визуелните медиуми како помошно образовно средство

На три единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола: Правниот факултет, ФИКТ или Факултетот за информатички и комуникациски технологии и на Педагошкиот факултет во Битола, во соработка со  Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола реализирани се работилници „Ние сме визуелни“. „Ние сме визуелни!“ е поттик во обидот за искористување на моќта на аудио-визуелниот медиум како помошно образовно средство во стекнувањето, канализирањето и пренесувањето на релевантни и „здрави“ информации, знаења, ставови и вредности кои водат кон искуствено осознавање на комплексниот систем на човековите права.

1

За време на работилниците се погледнаа филмови кои ги адресира темите: детски права, право на образование, социјализација, етичко однесување и друго. Исто така, за време на работилниците ФОРУМ 16 сподели информации за формирањето на првата кино ќелија во Македонија, наречена КиноБит, како дел од светското Кино движење кое значи продукција на кратки филмови во кратко време (24 до 72 часа).  Оваа кино ќелија во октомври 2018 година ќе го организира првото Кино Кабаре во Битола, односно првата продукција на вакви кратки филмови изработени за кратко време, а кои ќе адресираат теми поврзани токму со човековите права.  

Имено, на УКЛО, во периодот од 5 до 7 октомври ќе одржи обука за 20-тина млади луѓе на возраст од 18 до 30 години за човекови права и за изработка на филмови. Тогаш ќе се формираат тимови кои во периодот од 12 до 14 октомври за време на Кино Кабаре Битола 2018 ќе ги изработата и прикажат кратките филмови.

2

Повикот за учесници на овој настан ќе биде објавен во септември

Соработката на УКЛО со Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола е меѓу успешните примери за поврзување на Универзитетот со другите субјекти, особено оние со граѓански и невладин предзнак.  УКЛО  во  својата отвореност за поврзување, креирање нови форми на соработка  го зацврстува постулатот дека студентот не е само број, напротив, тој е најважната алка во академскиот процес.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование