X
 28.11.2022 Спорт

Косово може да го добие стадионот „974“ кој Катар ќе го демонтира по првенството

Фудбалскиот сојуз на Косово би можел да го добие како подарок монтажниот стадион „974“ од Катар по Светското првенство во фудбал. Имено, косовскиот сојуз поднел официјална молба до ФИФА за да го добие стадионот.

Стадионот има капацитет за 44.000 луѓе и е специфичен по многу нешта. Тој бил изграден од вкупно 974 бродски контејнери и модуларен челик. Тој е и првиот стадион што ќе биде демонтиран по финалето на првенството, на 18 декември.



Дизајнот бил осмислен од страна на студиото „Фенвик Ирибарен архитектс“ во 2017 година, а тој ѝ оддава почест на долгогодишната катарска традиција за трговија и морепловство.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт