X
 29.06.2018 Живот

Нашата планета во секоја минута од 2017 губела по 40 фудбалски игралишта зеленило

Минатата година, 39 милиони акри крошни од дрвја се изгубиле од светскиот тропски појас. Добрите вести се што таа цифра е малку пониска од рекордните количини на површини уништени во 2016 година. Но, тоа е единственото надежно нешто во целата ситуација. Помалку великодушна интерпретација на податоците сугерира дека нема знаци на одвраќање на трендот.

Загубата на површината на крошните од дрвјата не е иста како и дефорестацијата, која за среќа изгледа дека се намалува. Намалувањето на површината покриена со шума го опишува отстранувањето на 30 отсто од површината на крошните на дрвјата во менаџирани и диви шумски екосистеми, најчесто како резултат на природни катастрофи или пожари подметнати од страна на луѓе.

Ако ви е тешко да замислите како изгледаат 39 милиони акри, тоа е околу 160.000 квадратни километри. Сè уште немате претстава? Непал зафаќа површина од 147.181 квадратен километар. Значи тоа е поголемо од Непал.

Ова значи дека во 2017 година сме губеле површина крошни голема како 40 игралишта за американски фудбал на секоја минута.

Кога ќе помислиме на тропска шума, тешко е прво да не помислиме на Амазон. Во 2016 година Бразил загуби 9,1 милиони акри од својот дел од амазонските крошни, што е трипати повеќе од претходната година. Главни виновници за тоа се пожарите.

Со оглед на тоа дека во амазонскиот регион минатата година имаше повеќе пожари отколку во која било друга година по почетокот на забележувањето на податоците во 1999 година, секоја придобивка од минатото е уназадена.

Климатските промени се значаен фактор кој придонесува не само за повеќе пожари, туку и за временски услови со кои се отстрануваат дрвја. На островот Доминика, на пример, ураганите во 2017 година отстранија речиси третина од нејзината површина покриена со дрвја.

Фото: Pixabay

Најголемиот губитник во извештајот е Колумбија, каде што има речиси 50-отстотно зголемување на бројките кои покажуваат на загуба на шума. Сепак, таму причините се поврзани со политика, не со клима. По разоружувањето на движењето познато како Револуционерни вооружени сили на Колумбија, се ослободија зафрлените шуми што тие ги држеа под контрола, па сега тие шуми илегално се сечат.

Важно е да се напомене дека иако оваа година извештајот технички покажува подобрување, просекот од минатите три години сè уште посочува дека проблемот се влошува. И ако сакаме да видиме каков е трендот, тоа е поточниот број што треба да го гледаме.

Но, не е сè така црно. Индонезија, на пример, забележа големо намалување на загубата на крошни, а го подобри и тригодишниот просек. Оваа земја презеде одредени мерки и му покажа на остатокот од светот што може да се направи. Мерките за ограничувањето на дефорстацијата се за поздравување. Но, ситуацијата е сериозна и е потребна глобална координирана акција.
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот