X
 29.06.2019 Технологија

„Гугл Мапс“ отсега ќе покажува дали има метеж во трамвај или во воз

„Гугл Мапс“ најави дека ќе почне да нуди нова функција: ќе може да предвиди колкав метеж има во средствата за јавен превоз, како автобусите, трамваите, метроата и возовите.

Процените ќе се базираат на податоците за претходните возења собрани во текот на изминатите месеци од самите патници. Имено, пред неколку месеци „Гугл“ постави анкета за корисниците да достават детали за нивото на метеж во текот на нивните патувања. Образецот што патниците го пополнувале нудел четири опции: многу празни места, неколку празни места, има само места за стоење и едвај има места за стоење.

Од „Гугл“ проценуваат дека собрале доволно податоци за сигурна прогноза на метежот во текот на патувањето до работа и враќањето дома.

Новата функција е достапна во 200 града низ светот, од кои четвртина се наоѓаат во САД.

Исто така, ќе бидат воведени и информации за застојот во сообраќајот за автобусите каде што патниците немаат информации во реално време директно од локалните транзитни агенции. Сега ќе можете да видите ако вашиот автобус доцни, колку ќе трае доцнењето и попрецизно време на патувањето врз основа на условите за сообраќај во живот. Ќе можете да видите каде се случуваат одложувањата на мапата за да знаете што да очекувате пред да се качите на автобус.

1
Фото: Google
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија