X
 06.03.2023 Наука

Вид печурки би можеле да ја заменат пластиката во иднина

Лесните печурки кои сме навикнати да ги јадеме не се познати по својата цврстина. Но, нивниот далечен братучед, Fomes fomentarius, може да ја замени денешната пластика, според ново истражување. Овие печурки во форма на потковица можат да се најдат секаде во светот и се кријат на кората на дрвјата.

Овие печурки долго време се користат како огревно дрво, па дури и за вештачка кожа, но сега истражувачи од Финска откриле дека од нив може да се направи биолошка пластика која наликува на структурата на обичната пластика.

Тимот верува дека печурките ќе бидат одлични за производство на мултифункционални материјали со супериорни својства за различни медицински и индустриски примени во иднина, како дизајнирање робусни производи како елеци отпорни на куршуми, егзоскелети на авиони или површински премази за шофершајбни. За да ја утврдат цврстината на печурките, истражувачите користеле алатки за хемиска и механичка анализа за да погледнат во нивната внатрешност.


Фото: Pixabay

Истражувачите откриле дека печурката е направена од три различни слоја: тврда надворешна обвивка, слој што личи на пена слој составен од цврсто спакувани шупливи цевки наречени хименофорни цевки.

И покрај фактот дека сите три слоја во голема мера се составени од мицелиум и други слични хемиски компоненти, разликата во микроструктурата и густината на слоевите создава различни механички својства. Оваа карактеристика е клучна бидејќи покажува како малите измени на материјалите што ги сочинуваат печурките можат да дадат различни својства.

Друга необична карактеристика што тимот ја открил е нејзината способност да остане лесна додека сепак обезбедува цврстина како многу потешки материјали.

Извор: Vice
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука