X
 29.11.2022 Живот

Во кои земји работниците имаат најмногу платени слободни денови, а во кои најмалку?

Веб-страницата „Резуме.ио“ направила анализа на законите за платениот одмор и платените неработни денови во 197 земји низ светот за да открие каде вработените добиваат најмногу платени слободни денови.

Според резултатите од анализата, работниците во Иран добиваат дури 53 платени слободни дена, вклучувајќи ги платениот одмор и државните празници. Во Иран работниците може да земат 26 дена одмор во годината, а 27 дена во годината се празнуваат.

На второ место се наоѓа Сан Марино, со вкупно 46 слободни платени дена. Во 23 земји во светот работниците може да земат платен одмор од 30 дена во годината.



САД се земја со најмалку законски денови платен одмор - 0. САД се единствената развиена земја во која законски не се предвидува задолжителен платен одмор за работниците. Во САД, платениот одмор е избор на работодавецот, а најчесто работниците добиваат 14 слободни дена по првата година работа во компанијата. Меѓутоа, дури 15 отсто од работниците не добиваат платен одмор. Во САД има 10 државни празници на кои не се работи, но дури и тие не се задолжителни во сите делови од земјата.

Според анализата, во Македонија работниците добиваат вкупно 32 платени слободни работни дена во годината, од кои 20 се за одмор, а 12 се државни празници.

Извор: Resume.io
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот