X
 30.08.2019 Образование

Пет причини зошто да бидете дел од осмото издание на Самитот Македонија2025

Самитот Македонија2025 ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември во хотел Мериот – Скопје. Низ годините, Самитот стана водечки регионален настан каде гостуваат едни од најбрилијантните умови од светот на бизнисот, претприемништвото, технологијата, лидерството и науката. Како и секоја година, главната идеја позади оваа платформа е да се дебатира за тековните деловни и економски предизвици, да се претстават инспиративните македонски приказни, како и да се споделат најдобрите практики и искуства, со цел постигнување значајни промени во земјата и регионот.


 
1. Запознавање со последните трендови од областа на бизнисот и претприемништвото
Секоја година, Самитот Македонија2025 има за цел да ги покрие најрелевантните и интересни случувања во бизнис сферата, па така и годинава повеќе од 50 говорници ќе дискутираат за последните иновации, трендови и случувања во овој сектор. Покрај регуларните панел-дискусии и дебати, Самитот е одлична можност да добиете пристап до засебни тематски сесии/работилници за усовршување на вештините и знаењата, со што потоа стекнатитот „know-how“ подоцна би можеле да го примените и во работењето на вашиот бизнис.

2. Остварување контакти со ценети експерти и компании од странство, како и истакнати членови на нашата професионална дијаспора
Самитот е осмислен како совршена можност за едукација, инспирација и остварување контакти, а широкиот спектар на говорници и гости од различни сфери на бизнисот и економијата го поддржува токму тоа. Ќе имате можност да бидете во иста просторија со некои од најуспешните странски експерти и Македонци од дијаспората и да остварите врски што би биле од огромна важност за вас и вашиот бизнис. Ќе учествуваат повеќе од 400 учесници и 50 говорници кои ќе говорат на најразлични теми, кои оваа година ќе бидат фокусирани на проблематиката околу иновациите и нивното влијание врз намалување на загадувањето на воздухот, како и иднината на професиите и вештините.
 


3. Остварување Б2Б средба со говорник по ваш избор преку новововедената онлајн платформа
Еден од новитетите кои Македонија2025 ги воведува на овогодинешниот Самит е можноста за Б2Б средба со говорник по ваш избор преку Б2Б платформата. За првпат оваа година ќе може да остварите консултативна тет-а-тет средба со некои од најуспешните претприемачи и бизнис експерти на денешницата, здобивајќи се со бесценети совети, насоки и идеи. Б2Б средбите се одлична можност на ефикасен и брз начин да дојдете до клучни идеи и релевантни совети од личното искуство на соговорникот, кои позитивно ќе придонесат за иднината на вашиот бизнис, со можност за долгорочна соработка во иднина.

4. Претставување на вашиот бизнис пред разновидна публика од врвни менаџери, светски претприемачи и бизнис професионалци
Самитот  Македонија2025 не е само одлична можност да се информирате за најновите трендови во бизнис секторот, туку и да се претставите себеси и она што го работите пред оваа заедница. Трите дена од Самитот можат да ви послужат како одлична можност да допрете до некои од највлијателните и успешни претприемачи, како и да остварите средби со потенцијални инвеститори, со цел да им го претставите вашиот бизнис и да ги заинтересирате за вашиот план на работа. Овој Самит е совршената платформа за презентација на тоа што вие го работите, овозможувајќи ви шанса  да го резервирате вашето место во оваа заедница на иновативни и успешни умови.


 
5. Градење нови долгорочни партнерства и соработки
Самитот  Македонија2025 претставува одлична прилика за запознавање на истомисленици и вмрежување со потенцијални соработници. Овој Самит е уникатен на тој начин што говорниците преку своето животно и работно искуство ги инспирираат учесниците, нудејќи еден поинтимен поглед кон патот на нивниот успех. Самитот исто така служи и како инкубатор на нови бизнис соработки и потенцијални инвестиции. Секоја година, менаџерите од Македонија го исчекуваат овој настан, препознавајќи ја неговата уникатна вредност за иднината и долгорочниот успех во работењето на нивниот бизнис, со што во сѐ поголем број го пријавуваат своето учество.

Не двоумете се и вие да бидете дел од Самитот Македонија2025 оваа година. Се гледаме таму!
Регистрирајте го вашето учество и прочитајте повеќе за програмата и говорниците на следниот линк: www.mk2025summit.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование