X
 30.07.2016 Технологија

Откриена тајната карактеристика на новиот iPhone 7

Најновиот телефон на „Apple“, iPhone 7 станува поинтересен уред отколку што се очекуваше.


Според ново известување од „Macotakara“ - интернет-страница со импресивни резултати кога станува збор за откривање новости од „Apple“ предвреме - копчето за „Дома“ ќе биде на исто ниво со екранот и нема да се мрда кога ќе биде притиснато. Компанијата планира да вклучи повеќе сензори под ова копче кои ќе поттикнуваат мала вибрација кога ќе бидат притиснати. Така, ова ќе предизвика илузија дека копчето е механичко, иако не е.

Имало претпоставки дека копчето ќе се менува и порано, а известувањето од интернет-страницата го потврдува ова.

Во известувањето пишува и дека сензорите под копчето ќе бидат чувствителни на притисок, со што се отвора патот кон тродимензионалната функционалност на екранот на допир. Ова веќе е имплементирано во некои од компјутерите на „Apple“. Кај компјутерите, екранот препознава притисок и поттикнува слаба вибрација кога ќе притиснете на екранот.

Ова овозможува правење мали промени со менување на притисокот, а тоа овозможува правење повеќе работи во различни апликации на иста површина. Замислете го ова вметнато во новиот телефон. Одеднаш, новиот iPhone 7 станува поинтересен отколку што мислевме дека ќе биде.

Помеѓу другите новости се најавува и нова боја - вселенско црна. Се претпоставува дека новиот модел ќе биде достапен во златна, розево златна, вселенско сива, сребрена и вселенско црна.

Конечно, се споменува и датум на пуштање во продажба - 16 септември. Но, тоа уште не е потврдено.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија