X
 31.08.2020 Образование

Тајвански професор црта неверојатни анатомски цртежи на табла

Чуан-Бин Чунг е професор по уметност на Универзитетот „Шу-Те“ во Тајван. Тој држи часови по анатомија на уметност и цртање. Но, не ги принудува студентите да учат од учебник. Наместо тоа, тој црта анатомски структури на таблата. Потоа студентите ги прецртуваат скиците во своите тетратки.


Фото: Instagram

- Процесот на демонстрирање е многу важен за студентите. Без процесот, тие не учат ништо, па затоа ги цртам сите едукативни цртежи на таблата во текот на предавањата - изјавил Чунг во едно интервју.

За оние што сакаат да учат од овој професор, тој има профили на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Јутјуб“. Подолу може да видите едно од неговите предавања.


Автор: Утку Куцукдунер
Извор: interestingengineering.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование