X
 01.01.2021 Живот

Најубавите новогодишни честитки за време на поранешна Југославија

Декември, 1979 година: Се смета дека низ цел свет по пошта ќе бидат испратени над 3,5 милијарди новогодишни честитки, со добро познатите желби: „Среќна Нова година“, „Многу успех и среќа“ или некој сличен текст. Ако сметаме дека за секоја честитка се потребни 2 динари, би дошле до фантастична сума што луѓето ја трошат за да испратат една пошта.

Уште пред нашата ера имало идеја преку писмо некому да му се посака целата среќа на светот и најдоброто во годината што доаѓа. Било забележано дека старите Кинези пред повеќе од 2.000 години изработувале црвени таблички од глина на кои пишувале честитки и им ги испраќале на своите најмили.

Старите Римјани исто така имале сличен обичај. Тие на восочни или глинени плочи пишувале: „Ти посакувам среќа во новата година“. Плочите биле украсени и исцртани... Честитките во тој период ги испраќале само моќни луѓе, бидејќи плочите чинеле многу, а за нивно испраќање биле потребни многу курири.

Биле потребни векови за во Европа да се одомаќинат пишаните честитки. Во 1843 година сликарот Ј. С. Хорсли ја насликал првата честитка. Оттогаш се чини дека честитките почнале да го освојуваат светот. Луѓето, зафатени со работата, поретко контактирале со пријателите, па оваа писмена порака претставувала знак за пријателство.

Првите честитки (оние што биле размножувани и продавани) биле испечатени во Германија во средината на минатиот век. Тие честитки личат на овие денешните, но мотивите (цртежите) биле различни. Биле цртани бели гулаби, што симболизирале среќа, мир и нежност...

Потоа, ликовите на честитките биле послободни, па дури и шеговити. Често, на насловната страница се појавувал оџачар (кој наводно носел среќа), па деца (радост и ведрина), различни животни, овошје, цвеќе и дрвја.

Снаодливите издавачи денес печатат честитки со репродукција на слики од познатите мајстори, а уметниците ги прават како мали графички ремек-дела.

(Кекец, 1979)

ГАЛЕРИЈА

Извор: Yugopapir
Фото: Yugopapir
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот