X
 02.04.2021 Образование

Во студентскиот дом „Кочо Рацин“ - Битола, член на УКЛО, создадени се можности за сместување студенти со попреченост

Во студентскиот дом „Кочо Рацин“, придружен член на УКЛО, вчера беше пуштен во употреба сместувачки центар за студенти со попреченост.   

Станува збор за комплетно реновиран простор, дел од проектот „Изградба на инфраструктура за социјална инклузија во Пелагонискиот Регион“, со капацитет од 15 легла, комплетиран со посебна читалница и кујна, со што студентскиот дом во Битола е единствен во државата со ваков важен објект.

Директорот на Домот, Соња Карапец, потенцира дека со пуштањето во употреба на сместувачкиот објект за студенти со попреченост, Студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола е првиот и во моментот единствениот студентски дом во цела држава со вакви можности кои им стојат на располагање и може да ги користат лицата со попреченост, а сета активност е постигната со тимска работа и одлична соработка меѓу повеќе институции, особено Министерството за локална самоуправа, Владата на Швајцарија, Општина Битола и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

1

2

Проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски, од името на УКЛО ги поздравува иницијативите за инклузивност на студентите на УКЛО и рамноправниот пристап за сместување, со посебно задоволството што се создадени можности и студентите со попреченост да живеат во студентски центар.

Инаку, УКЛО е особено горд што со вакви активности од страна на членките на Универзитетот започнува вистинска примена на Законот за високото образование и сите членови на општеството имаат пристап и можност да студираат.

3

5

Неодамна и Сенатот на УКЛО отвори дебата поврзана со оваа многу прогресивна иницијатива и можностите да продолжи на сите факултети со обезбедување пристап до единиците, предавалните, амфитеатрите, библиотеките, пристап до софтвери и литература за да може ваквите активности успешно да се реализираат со што и реално сите членови на општеството ќе можат да студираат.

6

7

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование