X
 02.04.2023 Живот

Необично однесување на животните: Слоновите се агресивни во тинејџерските години, а шимпанзата се тепаат како луѓе

Постојат моменти кога однесувањето на животните е необично.

Од предвидувања земјотреси до агресивно тинејџерско однесување, ова се неколку необични факти за однесувањето на животните што сигурно ќе ве изненадат.

Птици-камикаѕи

Во темните ноќи без месечина, во септември и октомври, во селото Јатинга, Индија, стотици птици летаат во смрт. Но, спротивно на шпекулациите, птиците не паѓаат сами на земјата, туку мештаните ги убиваат со копја поради страв и суеверие. Научниците веруваат дека одредена комбинација на фактори предизвикува птиците да ја изгубат својата ориентација во воздухот и да летаат кон светлината на куќите.

Кози што паѓаат во несвест

Станува збор за миотоничните кози чии мускули се парализираат десетина секунди поради паника. Ова обично завршува така што козата паѓа.

Песната на китовите секоја година е сѐ потивка

Трендот на опаѓање на јачината на гласот на китовите е јасно видлив, иако разликата е мала - во текот на изминатите 40 години пеењето на китовите стана неколку херци пониско. Експертите имаа многу теории, но вистинската причина за овој феномен останува непозната.

Предвидување земјотрес

Од времето на античка Грција, многу животни можат да предвидат земјотрес речиси една недела пред да се случи. Сепак, никој не ја открил точната причина зошто ја имаат оваа способност. Некои научници го објаснуваат овој феномен само како случајност.

kit
Фото: Pixabay

Враните се одмаздољубиви

Враните се едни од најпаметните птици. Тие се лукави, но и одмаздољубиви. Истражувањата покажаа дека птиците што биле во опасност се сеќавале на оние што им наштетиле и ги препознале дури и неколку години подоцна. Откако ги виделе и идентификувале насилниците, некои врани се обиделе да ги нападнат и да се одмаздат.

Шимпанзата се тепаат како луѓе

Повеќето животни одвреме-навреме се караат и се борат, но шимпанзата тоа го прават премногу „човечки“. Имено, тие знаат да го искористат ефектот на изненадување, а знаат и различни борбени тактики. Покрај тоа, тие често се борат за да окупираат територија.

Слоновите се агресивни во тинејџерските години, но и емотивно се однесуваат кога има смрт во стадото

Во Африка, научниците забележале чудно однесување на слоновите-тинејџери. Од непознати причини, слоновите пронашле и убиле неколку носорози одеднаш.

Освен тоа, слоновите, како и луѓето, имаат тенденција да им оддадат почит на своите мртви. Тие редовно ги посетуваат гробовите на своите роднини и го оплакуваат мртвиот слон.

Кравите секогаш одат во иста насока

На пасиштата кравите секогаш одат во насока север-југ. Тие почнуваат да одат на исток или запад само кога се близу до далноводи. Зошто се случува ова и кои животни ја избираат насоката, не е познато. Но, постои верување дека кравите имаат внатрешен компас кој им помага да ја одредат локацијата на магнетните полови на Земјата.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот