X
 04.06.2021 Култура

Седумте најконтроверзни епизоди од серијата „Пријатели“

Серијата „Пријатели“ успешно ги држеше гледачите пред малите екрани цели десет сезони. Денес оваа серија и понатаму ја има на стриминг-платформите и на телевизија, па ја гледаат многу генерации.

Но, според веб-страницата „Метро“, постојат неколку епизоди што се прилично контроверзни.

1. „Онаа што би можела да биде“

1
Фото: Screenshot/YouTube

Епизодата од шестата сезона на серијата се занимава со тоа како би било кога ликовите би тргнале по различни патишта во животот. Многу гледачи се изнервираа што 30-годишната Моника беше портретирана како дебела. Поради својата дебелина, Моника сè уште е девица. Епизодата ја покажува Моника како се прејадува и истакнува дека поради тоа не може да има момче.

2. „Онаа во која Еди не сака да си оди“

1
Фото: Screenshot/YouTube

Еди, кој го игра Адам Голдберг, е новиот цимер на Чендлер откако Џои ќе си купи стан и ќе се пресели. Еди е ужасен цимер затоа што што го гледа Чендлер додека спие, го обвини Чендлер дека имал секс со неговата поранешна девојка и му ги краде работите. Џои и Чендлер му се смеат, а гледачите негодуваа затоа што Еди беше претставен како човек со ментална попреченост. На крајот го излажаа, така што Џои се преправаше дека живее во станот како никогаш да не се преселил, и дека Еди направил грешка.

3. „Онаа со метафоричкиот тунел“

3
Фото: Screenshot/YouTube

Првата сопруга на Рос, Керол, е хомосексуалка, и тој неколку пати во текот на серијата покажува дека му пречи. Во оваа епизода Рос полудува бидејќи неговиот син Бен игра со Барбика. Тогаш тој се обидува да го натера да избере играчка-суперхерој наместо Барбика. Иако Рос се бори да прифати дека неговиот син игра со Барбика, Моника открива дека тој самиот, кога бил дете, се облекувал во женска облека.

4. „Онаа со машката дадилка“



Откако Рос и Рејчел ќе ја добијат нивната ќерка Ема, тие бараат дадилка. Од сите што се појавија на интервјуто за работа, најмногу остави впечаток Сенди, машка дадилка. Рос не можеше да се помири со тоа и му пречеше многу што Сенди беше премногу емотивен. На крајот, Сенди доби отказ.

5. „Онаа со икс-факторот“



Во оваа епизода Моника е со Итан. Таа го лаже дека има 22 години, наместо 26. Но, подоцна Моника дознава дека не е единствената што лаже за нејзините години - и Итан ја излажа дека е постар,  всушност е 17-годишен средношколец. Моника ја прекина врската веднаш штом дозна.

6. „Онаа со таткото на Чендлер“

1
Фото: Screenshot/YouTube

Во текот на десетте сезони од серијата, најмногу шеги има на сметка на таткото на Чендлер. Во седмата сезона, гледачите конечно го видоа Чарлс, кој е трансродова жена. Чендлер не можеше да се справи со тој факт и не сакаше да го покани својот татко на венчавката, но Моника го натера да оди и да го посети. Таткото на Чендлер го глуми Келтин Тарнер, која подоцна изјави дека веројатно требало да ја одбие улогата.

7. „Онаа со десетината лазањи“

paolo

Во оваа епизода, момчето на Рејчел, Паоло, оди на масажа кај Фиби. За време на масажата, Фиби е сексуално нападната на работа. Фиби беше прилично вознемирена затоа што не знаеше како да ѝ каже на Рејчел дека нејзиното момче е измамник. Но, голем дел од гледачите беа вознемирени што главниот проблем тука бил обидот на Паоло за неверство, а не фактот дека Фиби била сексуално вознемирувана на работа.

Извор: Metro.co.uk
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура