X
 07.04.2017 Технологија

Како „Google Maps“ знае каде има „гужва“ во сообраќајот?

Пред да ја напуштите куќата наутро брз поглед на “Google Maps” може да Ви ги покаже рутите кои треба да ги избегнете за да стигнете на работа неколку минути порано. Како ги знае овие информации?


Фото: Freepik

Одговорот е во еден дел чуден, а во еден кул: “Google” добива информации од Вас. Компанијата ги користи услугите за локација на “Apple” и “Android” за да ги следи Вашите координати. Ако Ви е вклучена услугата за локации за “Google Maps” постојано праќате информации за тоа каде се наоѓате во одредено време, како и времето кое Ви е потребно да се движите од едно место до друго. “Google” ги комбинира податоците на сите за да ја одреди концентрацијата на автомобили на патиштата или колку брзо се движат.

Со тек на време се составуваат сите податоци за да се направат истории на сообраќај, со што “Google” може да Ви каже дали сообраќајот се одвива побрзо или побавно од нормално.

Ако не сакате да бидете дел од сето ова може да ја исклучите опцијата “Location Service” на Вашиот мобилен телефон.
Подготвил: М.Д.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија