Надворешниот дел од градбите и внатрешните ѕидови ќе бидат направени на печатач што се наоѓа во големо студио на градежната компанија „Van Wijnen“. Иако 3Д-печатењето е популарно, градежниците се принудени на овој чекор со оглед на недостигот на работна сила ѕидари - кои знаат да работат со тула и цемент.
„До 2023 година мислам дека повеќе од 5 отсто од домовите ќе бидат направени во оваа техника. Во Холандија имаме недостиг од ѕидари и луѓе заинтересирани за работа во такви услови. Освен тоа, наскоро ќе стане поевтино од традиционалните методи. Класичните градежни методи стануваат сè поскапи и покрај тулите и дрвото, ова ќе биде третиот пат“, изјавил за „
Гардијан“, Руди ван Гурп, менаџерот на „Van Wijnen“.
3Д-печатачот е голема роботска рака која исфрла цемент што во текстурата личи на шлаг-пена, според цртежот кој во системот ќе го внесе архитектот. Никогаш не се троши повеќе цемент одошто е потребно, што ги подредува во категоријата одржливи градби. Покрај тоа, тие одлично ја задржуваат топлината и ја изолираат водата.
Многумина го забележале креативниот и единствен изглед на населбите кои на страниците на компаниите се опишани како „неправилни форми во море од зеленило“.
„Се одлучивме за надворешната форма ’штуко‘ (stucco) затоа што тоа е безвремено и популарно. Нашите изгледаат како менхирот кој Обеликс го носи на грбот. Покрај тоа, доаѓаат и стаклени плочи. Тој формат е најдобра илустрација дека станува збор за флексибилен материјал, додека ’стандардните‘ куќи секогаш на некој начин личат една на друга“, вели Ван Гурп за белите блокови со заоблени агли кои личат на нешто од „Војна на ѕвездите“.
Тој напоменува дека иднината е во тоа што купувачите буквално ја цртаат формата што им се допаѓа, а градежниците ќе им ги отпечатат нивните желби. Исто така, се најавува дека куќите ќе бидат опремени со безжични сензори во ѕидовите за вистински да бидат „паметни“ и под една „капа“ ги вклучиле контролата на осветлувањето, греењето и системите за заштита.
Пет куќи се изградени на шумски терен покрај округот Мерховен во близина на аеродромот во Ајндховен. Кога ќе се заврши и последната, ќе се изнајмуваат преку агенцијата за недвижности „Vested“, а само за најмалата на списокот чекаат 20 семејства. Во изградбата со свои ресурси учествуваат и локалните технички факултети, градот и самата компанија.