X
 07.11.2019 Култура

Последната палата од последниот руски цар ќе се отвори за јавноста

Александровата палата, последниот дом на рускиот цар Никола II и неговoто семејство пред соборувањето, ќе се отвори за јавноста следното лето по реновирањето вредно повеќе милиони долари.

Палатата се смета за едно од најдобрите дела на италијанскиот архитект Гиакомо Кваренги. Била изградена кон крајот на 18 век за царот Александар I, а во 1905 година била постојана резиденција на последниот руски цар.

Палатата почнала да се реновира во 2012 година

Сместена во поранешната империјална престолнина Санкт Петербург, палатата почнала да се реновира во 2012 година. Таа била целосно затворена за јавноста три години подоцна. Реконструкцијата досега чинела 2 милијарди рубли. Се реновирале претежно подовите, таваните и таписериите.

Првите простории што повторно ќе се отворат за јавноста ќе бидат собите на царот и царицата и царската бања дизајнирана во маурски стил.

- Александровата палата е посебно место. Изградена е за приватниот живот на царското семејство - вели Олга Таратјанова, директорка на музејот. За разлика од другите палати, оваа не била уништена од нацистичките војници за време на Втората светска војна. Им служела како затвор. Во дворот имало и гробишта од паднатите војници на СС. Од Александровата палата царот Никола и неговото семејство биле протерани во Тоболск, Сибир, во август 1917 година. Подоцна биле однесени во Екатеринбург, каде што  болшевиците ги погубиле во јули 1918 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура