X
 09.05.2019 Живот

Како изгледа кога една компанија не работи во среда?

Мислите дека понеделник е најлошиот ден во неделата? Вторник? Не, станува збор за среда. Сега замислете среда да биде слободен ден.

Во среда, додека повеќето од нејзините пријатели се на работа, Тифани Шраувен ужива во своето хоби. Пред повеќе од една година компанијата во која работи, „Верса“, ја прогласи среда за неработен ден, давајќи му на персоналот четиридневна работна недела без да ја промени платата.

Вработените во компанијата стандардно одат на работа во понеделник и во вторник, а во среда прават пауза, па во четврток и во петок повторно се враќаат на работа. Нема никакви закажани состаноци за среда - сепак, ако на клиентот му е потребен некој вработен, тој треба да се јави на телефонот.

Кога на Тифани ѝ била кажана идејата за неработна среда, прво била возбудена, но потоа почнала да се грижи како сето тоа би функционирало. Како менаџер на проектите, таа е главниот контакт меѓу персоналот и клиентите. Меѓутоа, персоналот на „Верса“ ја реорганизира работната шема за да биде поефикасна. Освен тоа, на секои две недели персоналот го ревидира сето она што е сработено.

- Секој сака да работи бидејќи ја сакаме оваа флексибилност. Ако сакаме да продолжиме со неработната среда, тогаш ќе мора подобро да работиме - вели Тифани.

Политиката била имплементирана минатиот јули. Оттогаш профитот на оваа австралиска компанија тројно се зголемил.

- Ако ваквиот концепт се покаже успешен во една индустрија како што е маркетингот, не гледам причина зошто не би можел да се примени и во други индустрии. На овој начин работниците добиваат одмор од целата недела, може да останат дома, да бидат со децата и да уживаат - истакнува извршната директорка на компанијата, Кет Блекам.

Зошто среда?


Понеделничкото чувство на продуктивност било критично за одлуката на Бекам да ја подели неделата на две „мини-недели“ наместо да се одлучи за долг викенд.

Професорот Џарод Хар не е изненаден што прогласувањето на средата за неработен ден се покажало како успешна практика за „Верса“. Како професор за човечки менаџмент на Универзитетот за технологија во Окленд, Нов Зеланд, тој открил дека средите се најнепродуктивниот ден од неделата.

Ваквата работна политика не е ништо ново.

Имено, четиринеделната работна недела не е откритие на модерното време. Оваа практика прв во 1926 година ја вовел Хенри Форд, основач на автомобилската компанија „Форд моторс“, кој уште тогаш сметал дека помалку работни денови ќе значат поголема продуктивност.

Денес, речиси 100 години подоцна, голем број компани низ светот воведуваат помал број работни денови. Некои и понатаму се придржуваат кон моделот на пет работни дена, но работниот ден го скратуваат на четири или шест часа, додека други го избираат токму овој модел. Оваа работна политика е најзастапена во Велика Британија, Швајцарија и во скандинавските земји.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот