Конзерваторот Мери Шафер од музејот „Нелсон-Еткинс“ во Канзас во 2017 открила необичен детаљ на една од сликите на холандскиот уметник Винсент ван Гог, 128 години по нејзиното настанување.
Во дебелите линии боја, на сликата „Маслинови дрвја“, таа пронашла остатоци од мали скакулци.
Имено, познатиот уметник, како и другите љубители на „plein air“, односно сликање на отворено, за време на цртањето се бореле против ветрот, прашините, ситните гранки, тревата и инсектите.
„Сигурно сум собрал стотици муви на четири платна што ќе ги добиеш, а да не ги споменувам прашината и песокот“, му напишал
Ван Гог на својот брат Тео во 1885 година.