X
 10.01.2021 Технологија

Што значи пребарувањето во режимот „инкогнито“?

Се чини дека вашиот веб-прелистувач знае повеќе за вас отколку некои ваши пријатели. Чудно е како барате некои информации и одеднаш насекаде гледате реклами поврзани со пребарувањето. Но, доколку мислите дека режимот „инкогнито“ може целосно да ја заштити вашата приватност, грешите.

Дури и овој режим има некои ограничувања. Кога го користите овој режим, добивате порака дека може да пребарувате приватно и другите корисници на истиот уред нема да може да ги видат вашите пребарувања. Меѓутоа, се зачувуваат преземањата.

„Хром“ нема да ги зачува следните работи:

- историја на пребарување; 
- колачиња и податоци од веб-страници;
- информации внесени во формулари.

Меѓутоа, вашата активност сепак ќе биде видлива за:

- веб-страниците што ги посетувате; 
- работодавецот или училиштето што го поседува уредот;
- интернет-провајдерот.


Фото: Pixabay

Што значи ова? Прелистувачите обично ги чуваат сите веб-адреси од веб-страниците што ги посетувате за полесно да ги најдете следниот пат. Во режимот „инкогнито“ прелистувачот работи различно. Историјата на пребарување нема да се зачува локално, но активностите не се комплетно приватни.

Прелистувачот чува и дел од колачињата на веб-страниците. Во пребарувањето надвор од режимот „инкогнито“ колачињата може да обезбедат информации за рекламните компании што сакаат да разберат како го користите интернетот, со цел да ви понудат подобри производи. Кога сте во режимот „инкогнито“, прелистувачот не собира колачиња за детални информации за рекламните компании.

Сепак, клучно е да се разбере дека користењето на овој режим не ве прави анонимни. Пребарувањето во овој режим може да се следи од интернет-провајдерите и работодавците. Доколку вашиот профил на „Гугл“ е вклучен, прелистувачот сè уште го следи вашето пребарување.

Автор: Нејтан Чендлер
Извор: howstuffworks.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија