X
 10.03.2023 Култура

Не знаете што да гледате овој викенд? Ви ги предлагаме овие новитети на „Нетфликс“

Ова се некои од најдобрите наслови за уживање овој викенд, вклучувајќи морбиден документарец поврзан со вистински злосторства, нова сезона од хит-серијата „Секс/Живот“ и возбудливо британско шоу во кое натпреварувачите се охрабрувани да лажат за да победат.

„Вера и лаги“ („In the Name of God: A Holy Betrayal“)



Ако сте љубители на вистински криминалистички документарци, овој наслов е за вас. Серијата од осум епизоди ги истражува морничавите вистински приказни на четворица корејски лидери кои тврдат дека се пророци и ја претставуваат темната страна на безусловното верување.

„Измамници“ („Cheat“)



Во овој квиз еднакво се важни и измамата и паметот: натпреварувачите се охрабруваат да мамат и да добијат парични награди. Постои само едно правило: не дозволувај да те фатат во мамењето!

„Секс/Живот“ („Sex/Life“)



Oмажена жена и мајка е обземена од нејзиното сексуално минато кога во нејзиниот живот повторно ќе се појави злобно поранешно момче за кое не може да престане да фантазира.

„Отклучен“ („Unlocked“)



Овој напнат корејски филм е базиран на книга. Кога една жена го губи телефонот, опасен маж го наоѓа и го користи за да го следи секое нејзино движење.


Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура