X
 11.03.2020 Наука

Математичката задача што го збунила Алберт Ајнштајн

Во 1934 година психологот Макс Вертхајмер му испратил писмо на својот пријател, физичарот Алберт Ајнштајн, во кое имало загатка што гласела:

- Стар автомобил треба да се искачи на рид и да се симне од него. Патот нагоре по ридот е долг 1 милја (1,6 километар), а исто толку е долг и патот надолу по ридот. Автомобилот е стар, па просечната брзина нагоре му изнесува 15 милји на час (24,1 километри на час), но можеби би можел да се симнува побргу. Колку брзо би требало да се симнува автомобилот за просечната брзина на целото патување од 2 милји да изнесува 30 милји на час?


Фото: Pixabay

Во времето кога Ајнштајн го добил писмото, веќе ја имал добиено Нобеловата награда по физика. Затоа, оваа задача би требало да биде едноставна за него, зарем не? Но, не било така. Се вели дека Ајнштајн му напишал на својот пријател дека не го видел „трикот“ додека не го пресметал одговорот.


Фото: Pixabay

Преш Талвалкар во видео на „Јутјуб“ го објаснува решението на загатката почнувајќи од крајот. Тој го пресметува потребното време за еден автомобил да стигне до брзина од 30 милји на час при возење од 2 милји. Резултатот што го добива е 4 минути. Потоа го пресметува времето што му е потребно на автомобилот да се искачи на ридот со дадените податоци и добива резултат од 4 минути. Значи, на автомобилот му се потребни 4 минути да се искачи на ридот, но потребни му се и 4 минути за целиот пат, што значи дека нема време да се симне по ридот.

Заклучокот е дека нема вистински одговор: Вертхајмер му испратил трик-прашање на Ајнштајн. Можеби тоа било единствениот начин да го збуни најпаметниот човек на планетата.


Автор: Филип Елис
Извор: popularmechanics.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука