X
 11.12.2019 Образование

Биди причината поради која некој ќе се насмевне денес. Ирско училиште ја замени домашната со гест на добрина

Училиште во округот Кор одлучило да ги укине домашните задачи и да ги замени со гестови на добрина.

Наместо да ги поминуваат темните зимски вечери пишувајќи домашни или рецитирајќи песни, учениците од „Gaelscoil Mhichíl Uí Choileáin“ ќе го откријат вистинското значење на Божиќ правејќи гестови на добрина за пријателите, семејството и заедницата.

Училиштето ја воведува активноста трета година по ред - минатата година наместо гестови на добрина, учениците изразуваа благодарност така што заедно со семејствата ги забележувале сите работи за кои биле благодарни во нивните дневници за благодарност.

Оваа година од учениците се бара да го снимат нивниот гест на добрина - или да го напишат или да го претстават низ фотографии во нивните дневници за добрина.

Училиштето предлага тие да направат нешто добро за постар сосед или роднина или пријател кој можеби се чувствува осамено.

ucislite

Освен тоа, училиштето им нуди можност на учениците да напишат белешки едни за други за да ја подигнат самодовербата и да ги читаат секој петок.

На крај, секој клас треба да состави проект што би можел да ѝ помогне на заедницата во текот на божиќниот период.

- Ние ги охрабруваме нашите ученици да размислуваат во духот на Божиќ, духот на добрина. За жал, не секој е во позиција да ужива за Божиќ, некои се тажни, некои осамени, некои можеби копнеат по тоа што го немаат, а некои едноставно не можат да уживаат во празниците. Но, сите на овој свет имаат корист од чин на добрина - изјави директорката на училиштето.

- Нашата порака до сите деца е едноставна: тие можат да бидат причината што некој се смее денес и тие може да го направат светот подобро место и за другите и за себе - додава таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование