X
 12.09.2019 Образование

На 18. септември Отворен ден на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија

Факултетот за бизнис економија Скопје и Институтот за бизнис економија Скопје за идните студенти организираат Отворен ден на 18 Септември 2019 година, во своите простории на бул. 3та Македонска Бригада бр. 66а од 10.00 до 15.00 часот.

Отворениот ден на Факултетот за бизнис економија Скопје (http://www.fbe.edu.mk/) е наменет за средношколците од сите средни училишта во државата, нивните родители како и сите останати заинтересирани лица, кои во текот на посетата ќе имаат можност да се запознаат со наставните програми на Факултетот, атрактивните услови за студирање и достапноста на школарната, програмите за размена на студенти со високо-образовни институции надвор од земјата, како и со потенцијалните работни места на кои ќе можат да се вработат по завршувањето на студиите.

Отворениот ден на Институтот за бизнис економија Скопје (http://ibi.edu.mk/) е наменет за сите заинтересирани лица кои завршиле прв циклус на студии и сакаат да го надградат своето образование и да стекнат нови знаења и вештини од областа на бизнисот и економијата. Со сопственото усовршување, потенцијалните кандидати ќе придонесат кон поуспешен развој на своите професионални кариери, а доколку се веќе вработени кон поуспешно делување на своите компании во услови на се повеќе променливото деловно окружување. Во таа насока, и претставниците на компаниите ќе можат во повеќе детали да се запознаат со сите можности за инвестирање и усовршување во знаењето и вештините на своите вработени.

Однапред се радуваме што на нашите идни студенти на двете институции, ќе имаме можност да им посочиме како преку примена на современи методи на учење да прераснат во економисти и бизнисмени кои со стекнатите знаења и вештини ќе бидат успешни и конкурентни во земјата и во светот. Дотолку повеќе, преку бројните соработки на факултетот и институтот со престижни европски и светски високо-образовни и научно-истражувачки институции, нашите идни студенти ќе имаат моност да станат дел од глобална економска заедница и да бидат во чекор со најновите сознанија од областа.

За подетални информации можете да ја контактирате Службата за студентски прашања на (02) 2402 160 или (02) 2402 161.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование