X
 12.11.2020 Култура

Интригантни филмови за кои ќе размислувате со денови

Ако сте ги гледале „Островот Шатер“ или „Борачки клуб“, можеби сте во потрага по еднакво интригантни филмови за кои ќе размислувате со денови. Во продолжение ви нудиме неколку предлози.

„Испит“, 2009

Филмот открива што ќе се случи кога ќе соберете неколку луѓе што не се познаваат во затворен простор, во екстремни услови, со ограничено време и начини на постигнување на целта. Едноставен рецепт за филм, но се покажа како одличен. Филмот следи осум кандидати кои се борат за престижно работно место, а само еден ќе ја добие работата.



„Најдобрата понуда“, 2013


Еден ден, познат експерт за ликовна уметност среќава мистериозна жена која го моли да ги процени уметничките дела што ги наследила. Иако во текот на филмот се чини дека одговорот е тука некаде, се покажува дека не е така, а на филмот ќе мислите со денови.



„Голема илузија“, 2013


Четири независни илузионисти ненадејно добиваат специјална карта што значи привилегирана покана за нешто многу важно. Главната точка на настапот е грабежот на банка во Париз, па овие илузионисти стануваат предмет на интерес на ФБИ.



„Кој сум јас“, 2014

Ако го сакате „Борачки клуб“, тогаш овој филм е за вас. Главниот јунак е компјутерски експерт. Животот драстично му се менува откако ќе ја запознае својата спротивност.



„Сите добри нешта“, 2010


Мистериозно исчезнување, тајни од минатото, сомнителен протагонист, сплетки и романтични приказни - сето ова го има во овој мистериозен филм што ќе остави силен впечаток врз вас.



„Временски злосторства“, 2007


Хектор е обичен човек задоволен од својот живот. Една вечер тој наоѓа временска машина во шумата. Овој нискобуџетен шпански филм носи нов поглед кон временскиот парадокс.



„Исчезната“, 2014


Трилер што зборува за комплицираниот однос помеѓу маж и жена. Откако сопругата на протагонистот исчезнува, на површината излегуваат непријатни тајни.



„Коцка“, 1997


Шест непознати лица бараат излез од лавиринтот на коцкести простории полни со смртоносни замки. Станува збор за редок пример на нискобуџетен филм кој недостигот на средства не го спречи во неговиот успех.



„Екс машина“, 2015

Атмосферата на филмот е зачинета со мистериозност, тајни и технологија. Млад програмер еден ден тестира женски робот со уметничка интелигенција, а прашањето е кој ќе победи во тој натпревар.



Извор: Bright Side
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура