X
 14.01.2022 Живот

Ја тужел фирмата бидејќи работата му била досадна - ќе добие 40.000 евра отштета

Парижанец ја тужел компанијата во која работел бидејќи работата му била здодевна, а се чувствувал како да не ја заработувал платата.

Сега компанијата треба да му плати 40.000 евра бидејќи судот пресудил во негова корист.

Во 2014 година Фредерик Деснар се вратил на работа за францускиот производител на луксузни парфеми „Интерпарфумс“ по седуммесечно боледување. Според зборовите на неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен напад што го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа, па бил во кома неколку дена.

Иако бил вреден работник, по враќањето од боледувањето компанијата наводно целосно го запоставила. Времето го трошел извршувајќи работи за претседателот на „Интерпарфумс“. Работел од 20 до 40 минути дневно и никому не му било важно дали ќе се појави навреме, и тоа цели четири години.

- Немав повеќе енергија за ништо. Се чувствував виновен и засрамен што не ја заработував платата, а ја добивав. Имав впечаток дека сум невидлив во компанијата - изјавил Фредерик Деснар пред судот.

Виктор Билбо, адвокатот на Деснар, рече дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во своја одбрана велеа дека Деснар никогаш не кажал дека му било досадно.

Во 2020 година Деснар поднел тужба до судот и барал отштета. Иако компанијата тврдела дека Деснар никогаш не се пожалил, судот се согласил дека занемарувањето е форма на вознемирување, а пресудата беше потврдена од Апелациониот суд во Париз на крајот од 2020 година.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот