X
 14.03.2019 Култура

Објавена листата со најдобрите градови во светот

Њујорк се најде на врвот на листата со најдобри градови во светот, победувајќи ги Мелбурн, Лондон и Чикаго.

Големото јаболко го освои првото место благодарение на неговата одлична комбинација на ресторани и барови, култура и забава, според истражувањето направено од „Тајм аут“.

Секоја година се објавува годишниот Индекс за градски живот, кој ги оценува градовите во категории како храна, пијалак, култура, пријателство, пристапност и среќа. Њујорк доби највисока оцена благодарение на неговата разновидност и живата музичка сцена и ноќен живот, станувајќи еден од градовите што повеќето луѓе од светот сакаат да го посетат во 2019 година.

њујорк
Фото: Shutterstock


На второ место се најде Мелбурн, кој доби високи поени во категориите среќа, креативност, јадење и жива музика.

Чикаго е на трето место, иако кога станува збор за среќата, овој град се најде на прво место - 85 отсто од жителите изјавиле дека се чувствуваат задоволни во изминатите 24 часа.

Лондонци се горди на нивниот град, нивната култура, храната и живата музика, а непредвидливоста на Брегзитот не ги спречува патниците да го посетуваат градот, така што Лондон се најде веднаш зад Токио и Њујорк како град што туристите најмногу би сакале да го посетат оваа година. Топ-5. града од овогодишното рангирање ги заокружува Лос Анџелес, кој доби високи поени благодарение на храната.

Надвор од петорката, Бангкок беше прогласен за главен град кога станува збор за јадењето „на нога“, бидејќи луѓето во овој град најмногу јадат улична храна, посетуваат повеќе пазари за храна и порачуваат храна за носење многу повеќе отколку кое било друго место.

Мадрид се најде на првото место во категоријата барови и вечерни излегувања - градот е светски лидер по одење во барови (44 пати годишно) и клубови (19 пати) и пиење пиво.

Париз е најдруштвеното место во светот иако парижаните сметаат дека нивниот град е најмалку пријателски настроен. Парижаните најчесто се среќаваат со нивните пријатели, најмногу излегуваат во викенд (41 пат годишно) и најмногу одат на уметнички изложби, галерии и музеи (23 пати годишно). Освен тоа, парижаните во просек имаат повеќе секс од која било друга нација во светот: 33 пати годишно.

chicago
Фото: Shutterstock


Лас Вегас е градот што се најде на прво место поради извонредниот ноќен живот, но исто така беше рангиран како третиот најскап град за вечерно излегување.

Берлинците се жители за кои е најголема веројатноста да бидат вегетаријанци (8 отсто) или да ја намалат консумацијата на месо (29 отсто) и имаат најголем процент алкохоличари (еден во четири).

Жителите на Тел Авив ја зацврстуваат нивната репутација: тие најмногу земаат дрога, најмногу имаат секс за една ноќ и најголема веројатност да ги изневерат партнерите.

Домот на Боливуд е центар за љубителите на киното и театарот, а луѓето во Мумбај излегуваат да гледаат филмови и претстави многу повеќе од кои било други (31 филм и 24 претстави и шоуа на годишно ниво).

Луѓето во Хонг Конг се луди за јадење во ресторани и тоа го прават почесто од кој било друг. Во меѓувреме, луѓето во Сингапур се толку посветени на одличната храна во градот, што кај нив е најголема веројатноста да чекаат во ред за нивниот омилен ресторан.

2
Фото: Shutterstock


Манчестер е дом на највисок процент на алкохоличари во светот - тие се соочуваат со најмногу мамурлаци и во просек 25 дена во годината страдаат од последиците од мамурлакот.

Луѓето во Единбург имаат најголема веројатност да речат дека нивниот град е убав. Освен тоа, тие се жители кои имаат најмалку работни часови на неделно ниво (35,3 часа).

Најголемиот град на Шкотска, Глазгов, се најде на врвот за пријателство и пристапност.  

Сигурно не ве изненадува тоа што Порто, домот на виното, има најголем број алкохоличари во светот.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура