X
 14.12.2018 Образование

Признанија за професорите, промоција на Студентската опсеравторија на Филозофскиот факултет во Скопје

Признанија на поранешни декани и професори, постхумни одбележувања на животот и делото на видни имиња кои се втемелиле во Филозофскиот факлултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во 11 часот ќе бидат доделелни во Салата за седници на факултетот. Со тоа Филозофскиот факултет ќе го одбележи 16 Декември, Денот на Филозофскиот факултет. Потоа ќе биде промовирана Студентската опсерваторија.

Присутните ќе ги поздрави деканот, проф. д-р Ратко Дуев. Потоа ќе бидат доделелни признанијата и благодарниците. Во 11.30 часот проф. д-р Јасмина Поповска ќе го промовира Годишниот зборник на Филозофскиот факултет.



Следува промоција на две важни активности – дигитализација на научниот опус на Филозофскиот факултет и пристапност за студирање на студентите о посебни потреби.
Во дигитална форма се архивирани сите списанија на факултетот од 1926 година до војната, па од 1948 година до денес.
- Ова беше една огромна работа во зачувувањето на сите изданија на оваа институција – вели Дуев.

Потоа ќе биде отворена Студентската опсерваторија, која Дуев ја најави пред една година. На тој начин факултетот ги стимулира студентите да се здружуваат во разни асоцијации како правни лица и ги помага нивните активности кога учествуваат во разни проекти, преку финансиска поддршка за патувања, користење простории, членарини во светски асоцијации, ги стимулира да аплицираат за проекти, а од добиените средства си го олеснуваат студирањето.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование