X
 16.01.2015 Образование

Како до стручна пракса во Германија

Во денешно време на глобализација, студирањето не е доволна опција која би можела да ги подготви студентите за живот и работа кои ги чека во иднина.

 

пракса


Студентите од Македонија се потковани со доста теорија, меѓутоа нив им недостасува и тоа како практично искуство за да бидат на исто ниво со студентите од западот. Во нашата земја мал број на компании нудат стручни пракси, студентите не соработуваат на проекти и ретко волонтираат - нешто што е дел од секојдневието на нивните западни колеги.

Залудно е да се дискутира за тоа кој е виновен поради недостатокот на можности за лично усовршување за ситуација која за жал нема да се промени за брзо време додека расте невработеноста. Меѓутоа, студентите не треба да губат волја затоа што за нив постојат можности да ги понудат своето знаење и вештини на работодавци низ Европа.

Постојат голем број на програми кои ги нудат „Erasmus“ или „AISEC“, меѓутоа дефинитивно најдобра опција е самостојното барање на стручна пракса или проект на кој секој студент може да соработува.

Потребни се две работи: добра волја и желба, а за се` останато ќе се погрижат германските компании и институции.

Потрага по стручна пракса

Првите чекори се најтешки, меѓутоа не треба да се откажувате. Постојат голем број онлајн страни (DAAD) на кои можете да пронајдете стручна пракса, а најчесто тие се на англиски јазик.

Студентите кои не го знаат германскиот јазик не треба да се обесхрабруваат. Голем број на компании нудат пракси и на англиски јазик, без оглед на тоа што се наоѓаат во Германија. Понекогаш тоа може да биде комбинација низ која се усовршуваат и двата јазици, а се` зависи од изборот. На одредени пракси можат да се пријават сите студенти, меѓутоа постојат и програми за пракса наменети само за Југоисточна Европа, кадешто конкуренцијата е помала, а програмата и тематиката се прилагодени на наши искуства.

Испраќање меил

Следниот чекор е да се пронајде компанија и да се испрати меил. Не треба да имате просек за да се пријавите, едноставно треба да имате волја и желба, а тоа секако потенцијалниот работодавец ќе знае да го препознае. Важно е вашето CV да биде добро напишано, добри препораки и „одлична приказна“ за сопственото знаење и вештини.

Финансии

Во огласите за пракса најчесто е опишано што се бара, но и што се нуди - работно место, потребно ниво за јазик и плата. Треба да се напомене дека поголемите германски комапнии и институции ги плаќаат патните трошоци, меѓутоа треба да се договорите со работодавецот. Исто така, уште од првиот ден после потпишувањето на договорот за пракса, можете да ја зголемите половина или цела плата.

Студентската плата скоро никогаш не е помала од 400 евра, а воглавно изнесува од 800 до 1.500 евра. Доволно е да ги покриете следните трошоци:

- студентски дом (максимум 300 евра, сопствена соба)
- трошоци за осигурување (максимум 80 евра)
- месечна карта (од 30 до 60 евра)
- храна (максимум 100 евра)

Цените варираат од град во град во Германија.

Студентски дом

После потпишувањето на договорот, треба да се испрати барање за студентски дом. Во студентскиот дом воглавно се комуницира на англиски јазик бидејќи Германија е мултикултурен центар кој привлекува студенти од целиот свет. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование