X
 23.01.2022 Образование

Студиски програми на кои се откажуваат најмногу студенти

Студиските програми за компјутерски науки и бизнис и администрација се некои од програмите на кои студентите најчесто се откажуваат. Ова го покажува анализа на британската агенција за статистика во високото образование ХЕСА.

Во продолжение се најчестите програми на кои се откажуваат студентите во првата година од студирањето, искажано во проценти на откажани студенти.

Компјутерски науки - 9,2 отсто
Бизнис и администрација - 8,6 отсто
Масовни комуникации и документација - 7,6 отсто
Креативни уметности и дизајн - 7,6 отсто
Предмети поврзани со медицина - 7,5 отсто
Комбинирани предмети - 7,2 отсто
Агрикултура и поврзани предмети - 7 отсто
Инженерство и технологија - 7 отсто
Архитектура, градежни активности и планирање - 6,9 отсто
Биолошки науки - 6,8 отсто
Образование - 6,6 отсто
Општествени науки - 5,8 отсто
Право - 5,8 отсто
Физика - 4,7 отсто
Математика - 4,7 отсто
Јазици - 4,3 отсто
Историја и филозофија - 4,3 отсто
Медицина, стоматологија и ветерина - 1,4 отсто

Извор: The tab
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование