X
 23.08.2015 Образование

Водич за почетници во фотографијата

„Udemy“ е позната платформа за учење. Меѓу другото, тие нудат туторијали од областа на фотографијата, а сите туторијали кои се најкорисни за почетниците ги собраа во еден водич во кој може да се научат сите основни правила од областа.


За да станете професионален фотограф потребно е да го разбирате вашиот фотоапарат, односно да научите повеќе за видовите апарати, формати, мемориски картички итн.

Потоа, на платформата може да се најдат и туторијали за правење прекрасни фотографии, како правилата на третини, перспектива и агол, одбирање совршена позадина и користење бои.

Меѓу другото, има и совети за правење подобри фотографии од природа, портрети, деца и пејзажи. Има туторијали и за фотографии со мобилни телефони, а може да се најдат и туторијали за уредување на фотографии.

Сите овие туторијали и многу други најдете ги ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование