X
 16.11.2015 Технологија

Скриената мапа која ќе сакате да ја избришете од телефонот

Познато е дека „Apple“ ги собира податоците од местата кои ги посетува секој корисник веќе подолг период. Но, малку се знае за деталите поврзани со тоа.


За почеток, постои скриена мапа во менито која ги чува сите места кои некогаш сте ги посетиле со податоци за времетраењето на посетата и периодот кога сте ги посетиле.

За да ја најдете мапата одете во „Settings“, па одберете „Privacy“. Одберете „Location services“ и најдолу ќе најдете „System services“. Одете до „Frequent locations“ и исклучете ја опцијата.


Во следното мени ќе ги најдете големите градови што неодамна сте ги посетиле.



Доколку притиснете на еден ќе видите детали за местата кои сте ги посетиле и повеќе.



Доколку кликнете повторно ќе добиете информации и за датумите кога сте ги посетиле местата и времетраењето на посетите.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија