X
 16.12.2015 Уметност

Создаден робот реплика на Леонардо Да Винчи

роботика

 

На 2 декември во Токио беше отворена Меѓународната изложба на роботи (iREX) која во текот на пет дена ги претстави најновите врвни достигнувања од областа на роботиката.


Оваа година изложбата е одржана по 21 пат, а своите најнови идеи од областа на работиката ги претставија дури 446 светски компании и организации.

Некои од најинтересните експонати дефинитивно беа хуманоидните роботи кои им помагаат на луѓето во услови на природни катастрофи како земјотресите. Овие роботи ги создаде јапонската фирма Недо после земјотресот во Тохоку во 2011 година.

Дека роботите не мора да бидат само футуристички покажа и роботот кој претставува реплика на Леонардо Да Винчи. Овој прв андроид во светот ја претставува познатата историска личност.

Покрај роботите кои имаат сериозни задачи да им помагаат на луѓето, се искачуваат по скали и отвораат врати, на овој саем за роботика биле прикажани и забавни модели инспирирани од јапонските поп ѕвезди, како на пример роботот Премаид кој на радоста на публиката се поклонува и дели бакнежи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност